Кафе муабет

Бекам и жената од Катар што со својот став за гej популацијата ги шокиpaше сите

Бекам го опиша Светското првенство како „сила за добро“, но во реалноста е контрадикторен

Жената која е дел од промо видеото кое „крена голема прашина“ на Бекам за Доха како туристичка атракција вели дека да бидеш геј не е природно

Движејќи се низ блескавиот футуристички градски пејсаж на Доха во понеделникот наутро, во лимузина обезбедена од катарската влада, Дејвид Бекам си дозволил насмевка како резултат на своето самозадоволство.

Откако потпиша неверојатен договор, кој наводно вреди 150 милиони фунти, во времетраење од 10 години, да дејствува како глобален амбасадор на таканаречената најбогата земја на светот, Бекам се појави како „лице“ на Светското првенство, кое се отвара во оваа држава на 20ти Ноември, среде огромни контроверзии. Наскоро, неговата сопруга Викторија, ќе му се придружи, а ќе биде присутна и на престижниот моден натпревар за талентирани млади арапски дизајнери, со кој претседава нејзината пријателка Шеиха Ал-Мајаса бинт Хамад бин Калифа Ал Тани, сестра на владејачкиот емир на Катар.

ФОТО: Принтскрин/Дејвид Бекам/Катар туризам

Се очекува да пристигнат и останатите членови на семејството Бекам. Тие ќе го видат убавото лице на Бекам на огромен број билборди низ градот.

Во Понеделникот, бившиот капитен на Англија, имаше состанок со многу поинаков вид на „Спајс Грл“- 60 годишна жена чие домашно претприемништво ја направи икона за прогресивните жени ширум Блискиот Исток.

ФОТО: Принтскрин/Дејвид Бекам/Катар туризам

Пред околу 20 години, кога нејзиниот сопруг пред време се пензионирал од позицијата директор на нафтена компанија, госпоѓа Шамс Ал-Касаби почнала да меша зачини во нејзината кујна за да носи приходи во куќата. Денес таа го снабдува со своите зачини кралското семејство, амбасадите и хотелите со пет ѕвезди.

На ѕидовите во нејзиното кафуле во централниот пазар во Доха (каде само таа е единствена жена трговец) има фотографии од неа како позира со голем број на холивудски ѕвезди како Тилта Свитон, моделот Џоди Кид, како и многу поранешни фудбалери, пример Џон Тери од Челзи.

ФОТО: Принтскрин/Катар туризам

Пред неколку недели кога беше објавен првиот промотивен филм на Бекам-ведар видео блог чија цел е да го зајакне Катар како туристичка дестинација-тој едноставно мораше да биде виден како јаде традиционален појадок што го готви легендарната Мадам Шамс.

Ќерката на Мадам Шимс, 35 годишна високо образована жена, со име Еман која студира на магистерските студии на Универзитетот во Алстер, додека предава во детскиот музеј во Доха, се појавува на промо видеото на Бекам како негов толкувач.

ФОТО: Принтскрин/Дејвид Бекам со г-ѓа Шамс и нејзината ќерка/Катар туризам

Таа гордо ја раскажува приказната за еманципацијата на нејзината мајка. Самата таа изгледа како олицетворение на новата генерација просветлени Катарци, токму онаков тип на жена на која и се восхитуваат емирот и неговиот клан.

Но, кога таа била прашана за нејзините либерални ставови околу ЛГБТ заедницата, чие прогонство е само една од причините зошто Катар нашироко не се смета за соодветен домаќин на Светското првенство, Еман веднаш избувнала велејќи:

ФОТО: Принтскрин/Дејвид Бекам/Катар туризам

-Тоа е неприфатливо. Хомоceксуалноста е против човечката природа, против науката и против нашата култура! Ние не сме животни!

-Господ не создал да се разликуваме од животните. Господ ги создал мажот и жената. Ова се што се случува е само поради тоа што одредени личности биле ceксуално злоупотребувани како деца и сега се плашат од останатите луѓе од истиот пол-додава таа.

ФОТО: Принтскрин/Дејвид Бекам/Катар туризам

Многу интересно е како на овој разговор би реагирал кумот на двете деца на Бекамови, Бруклин и Ромео, Сер Елтон Џон, како и останатите либерално настроени пријатели на Бекамови.

Доктор Насар Мухамед, 35 годишен државјанин на Катар, кој сега е пребегнат во САД, се обрати оваа недела со јавно писмо по ова прашање, во кое го повикува Дејвид јавно да се изјасни.

ФОТО: Принтскрин/Дејвид Бекам/Катар туризам

-Полицијата е веќе оптоварена со задачата да одржува ред меѓу очекуваните 1.5 милиони фанови кои се очекуваат на првенството. Полицијата нема доволно ресурси за да ги таргетира ЛГБТ личностите-вели тој.

-Сепак тоа не ја гарантира нивната безбедност. Далеку од тоа-додава Насар-пишува Дејли Меил.

ФОТО: Принтскрин/Дејвид Бекам/Катар туризам

-Катарците кои се геј или трансородови и нивните поддржувачи најчесто се напаѓани на улиците и затоа е најдобро да се преправаат дека се стрејт според мислењето на Насар. Огромна трагедија е што мора да дава вакви совети за толку голем спортски настан во 2022 година, а што се однесува до Бекам, кој сеуште нема одговорено на неговото писмо, доктор Насар смета дека хонорарот кој му е платен од 150 милиони фунти се „крвави пари“.

ФОТО: Принтскрин/Дејвид Бекам/Катар туризам

 

ФОТО: Принтскрин/Дејвид Бекам/Катар туризам

 

ФОТО: Принтскрин/Катар туризам

 

ФОТО: Принтскрин/Дејвид и Викторија Бекам

Извор: Дејли Меил

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close