Кафе муабет
Бајковито украсено катче за принцезата на Луна и Марко – малата Миа пристигна, мама плачеше од среќа!
Први фотографии од бебето по пристигнувањето дома
Марко Миљковиќ ги изнесе сопругата и ќерката од болницата, па новопечената мама гордо покажа како изгледа креветчето на Миа.
Луна објави фотографија од својата наследничка додека лежи во креветчето потпрена на перници и постелнина во розова боја.
Тука се и играчките за малата Миа, а една од перниците е во облик на круна и на неа со големи букви пишува „Миа“.
Наследничката на Луна и Марко е облечена во розово комплетче и безгрижно спие во своето бајковито креветче.
Кога пристигнаа дома ги пречека Анабела, мајката на Луна, која и помогна на својата ќерка околу внуката.
Познато е дека Марко и Анабела не се во добри односи, но изгледа дека ги испеглале проблемите заради доаѓањето на бебето.
Марко Миљковиќ ги изнесе од породилното својата сопруга ќерката Миа која очигледно успеа да го смири зетот со бабата.
Иако Марко и Анабела по „Задруга3“ не беа во добри односи, пејачката веднаш по излегувањето од болницата на ќерката отиде во нивниот дом.
Таа прв пат во живо ја виде својата внука, а на својот Инстаграм профил објави фотографија на која што ја држи малата Миа во рацете.
„Животе, ти благодарам“, напиша таа
Што се однесува до подарокот, таа претходно изјави дека за својата внука има подготвено плико, но и нешто традиционално од накит.
Инаку, новопечената мама изгледаше прекрасно по излегувањето од болницата. Таа носеше краток зелен фустан со кој ги изненади сите, а на лицето немаше ни грам шминка и повторно изгледаше свежо и одморено.
„Важно е дека сум добро, дека сум среќна, дека го водам бебето дома. Емотивна сум“, рече таа и заплака од возбуда пред новинарите кои беа пред болницата.