Кафе муабет

БАБАТА КОЈА СТАНА ВИРАЛЕН ХИТ: Внукот ја нашминка својата 86 годишна бабичка- сите се шокирани од трансформацијата!

Прво фарбање по 85 години! Мојата најсакана баба. Многумина и завидуваат што може да го има овој третман на оваа возраст и тоа во време на корона, напиша тој...

Оваа бабичка стана врален хит на социјалните мрежи откако нејзиниот внук српскиот фризер и шминкер Александар Драмишанин објави фотографија од нејзината трансформација за која е задолжен лично тој.

 

FOTO: ALEKSANDARDRAMICANIN / INSTAGRAM

Тој неодамна се присети на неверојатната трансформација на неговата баба Милоратка, која минатата година ја изненади со целосна шминка и фризура и ја претвори во вистинска кралица.

Откако ја сподели нејзината фотографија следуваа лавна од коментари.

FOTO: ALEKSANDARDRAMICANIN / INSTAGRAM

Неговите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм беа воодушевени од промената која ја направи Александар на оваа прекрасна 86-годишна бабичка, а тој покажа што е навистина потребно за секоја жена да блесне, дури и во овие доцни години.

“Мојата баба! Ја сакам најмногу на светот! Покрај сите убави жени за кои сум се погрижил, ти си сепак онаа што ме инспирира најмногу”, напиша Александар во описот на фотографиите од неговата баба пред и по трансформацјата со шминка.

Прво фарбање по 85 години! Мојата најсакана баба. Многумина и завидуваат што може да го има овој третман на оваа возраст и тоа во време на корона, напиша тој.

FOTO: ALEKSANDARDRAMICANIN / INSTAGRAM

Тој минатата година откри и дека ова е првпат во животот Милоратка, која живее во околината на Ивањица, да се фотографира.

Секако фотографиите предизвикаа бројни реакции и многу позитивни коментари.

FOTO: ALEKSANDARDRAMICANIN / INSTAGRAM

„Прекрасна е во сите изданија“, „Баба Царица“, „Плачев, ме потсети на баба ми која ја сакав со сето свое срце“, „Кога моќта на трансформацијата произлегува од љубовта, тогаш може да се види колку убавината на жената доаѓа до израз “,„ Колку убава жена “, се само некои од низата  коментари.

FOTO: ALEKSANDARDRAMICANIN / INSTAGRAM

“Таа е обична баба од своето село, не се средува многу и е скромна жена, но е убава и отсекогаш ми беше инспирација. Таа секогаш ја носи косата во шал, па така дојдов до идејата да и ја поправам косата. Пред десетина години веќе еднаш ја имав шминкано, но последен пат тоа го направив во карантин затоа што цело време бев во Ивањица, па буквално ја искористив можноста, иако таа не беше расположена за тоа , и по втор пат го сторив тоа со цел да ги урамам нејзините портрети во мојот салон, па затоа направив фотографија специјално за таа цел “, изјави Александар за Noizz.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close