Кафе муабет
АУУУ КАКОВ ЛУКСУЗ: Ѕирнете во станот на Ана Севиќ – пејачката мислела на секој детал!
Судејќи по нејзините фотографии на Инстаграм - станот е опремен по најнови стандарди.
Пејачката Ана Севиќ го чека своето трето дете, а својата оаза на мирот ја најде во семејната куќа во Врачар, каде живее со сопругот Даниел Недељковиќ и ќерките Лорена и Сена.
Станот го опремиле по свој вкус, а Ана очигледно се грижела за секој детал. Судејќи по нејзините фотографии на Инстаграм – станот е опремен по најнови стандарди.
Интересните парчиња мебел, како необичната полица под телевизорот, и интересните уметнички слики на ѕидовите, прават нивниот дом да изгледа светски.
За потсетување, Ана Севиќ е во петтот месец од бременоста. Таа го чека своето трето дете а како што може да се забележи од социјалните мрежи пејачката блеска во својата блажена состојба.
Познатата пејачка пред неколку дена славеше роденден и објави неколку фотографии на кои е со ќерките и сопругот, а сега објави и неколку на кои позира тип-топ средена и со гоооолем букет со ружи во рацете.
Нејзините фанови се воодушевени од тоа како изгледа, но и од начинот на кој позираше со букетот ружи.
Колку е среќна и задоволна од животот можеме да видиме и од фотографиите од роденденот, каде блеска покрај своите најмили.