Новости

Анџелика Колева: „Жените со кaнцep се бopци, таква бopбенocт кај многу мажи немам сретнато“

Кога слушнав дека имам paк бев во шoк, но бргу се соочив со тоа...

Анџелика Колева е уметник, кој од секоја своја емоција создава уметничко дело за восхит.

Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева
Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева
Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева

Ако ги погледнете нејзините дела многу ретко ќе погодите дека таа всушност во нив често ја воздигнува жената како хероина, но таа ќе ви каже “Жената е борец, поседува борбеност каква што кај многу мажи ја немам сретнато”.

Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева
Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева
Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева

Неодамна се соочи со ситуација која буквално и го промени животот а за борбата и тешкиот период низ кој помина реши искрено да зборува за Гламур.мк.

Пред осум месеци започна борбата со ра-кот на дојка, но наместо да се повлече во себе, Анџелика реши да се соочи со болеста прифаќајќи го ра-кот како болест која ја донесе до вистината и и помогна да се спознае самата себе.

Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева
Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева
Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева
Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева

Својата уметничка кариера ја започнува во најраната младост изразувајќи се на се и сешто, креирајќи гардероба за себе, цртајќи по неа па до ѕидови и на се останато што за неа било примамливо. Нејзините дела имаат посебен печат, емоции за кои вели дека се главен мотив за успех на еден уметник.

-Сега имам 49 години и многу дела позади себе. Се надевам и уште многу други ќе произлезат. Имам фамилија која што ме подржува во работата и се останато.

Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева

Во моментов и години наназад најчесто работам на плата, стакло, керамика, дрво, порцелан, грамофонски плочи. Зависи од инспирацијата на кој материјал ќе ја изразам. На секој материјал лесно се изразувам затоа што знам што ќе изнесам од мене.

Љубовта кон уметноста не ми е наследена, никој близок не ја поседувал толку како јас во мојата блиска фамилија.Како што предходно кажав од мала сакав многу да цртам, креирам.Тоа ми беше омилен предмет и на училиште. Едвај чекав два часа ликовно.

Омилена техника?

-Имам пробувано разни техники,и сега има неколку дела на платно во мојот дом,работени во кубизам.Но јас намногу се пронаоѓам во абстракната техника и се она што е скриено во неа. Разлевањето на боите знае да ме задржи со саати будна и во ноќта,ете толку многу знам да се изгубам во формирањето на ликови и цртајќи цели приказни со прстите во таа течна состојба на боите. Додека не го видам тоа што сум го замислила,не престанувам.Поправки нема.

Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева
Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева
Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева

Многупати имате истакнато дека главен мотив во вашите дела е жената, зошто токму жената?

-Бидејќи јас сум жена и ја пренесувам секоја емоција и туѓа и своја преку мене,обични на платната и плочите.Затоа таа е најзастапен лик во мојата уметност.Најчесто моите емоции,самата јас.

Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева

Од каде црпите инспирација?

-Инспирацијата ја црпам од секојдневието. Од животот, збиднувањата, љубовта, cмpтта, бoлката, тaгата, опкружувањето.

Вашите дела бликаат од емоции. Како?

-Нема дело во кое не е внесена емоција. Не постои такво. Барем не во моите дела. Јас дури ни име неможам да дадам на моја слика.Цели приказни пишувам. Затоа други им даваат име.

Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева
Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева

Ги оживеавте старите грамофонски плочи и од нив направивте вистински уметнички дела. Од каде ви дојде оваа прекрасна идеја?

-Идеата за грамофонски плочи е многу одавна.Тие живеат цели 35 години во мојата уметност. Добив плоча награда во една дискотека, која што се извитка во кола од висока температура, летно време беше. Не сакав да ја фрлам, многу ми беше драг подарок, па почнав да топам и разлевам шминки, кармини восок на неа и излезе прекрасно дело. И така почнав да си ги цртам плочите на татко ми. Изработив преку стотина и ги продадов на предновогодишен базар. Не остана ниту една. Иако мои блиски луѓе сеуште ги чуваат од тогаш. И многу ми е драго што сеуште живеат во нечиј дом.

Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева

Како успевавте да ги добиете сите тие плочи на кои творите, со оглед на тоа дека повеќе ги нема?

-Еден период ги немаше но се снаоѓав. Ми даваа луѓе кои што сакаат да ги тргнат од подрумите.Често добивам и пакетчиња,и пријатно ме изненадуваат луѓе кои што знаат што ќе сторам од нив. Се менувам со колекционери . И да напоменам: Работам на оштетени винилки. Им давам нов живот.

Се цени ли кај нас рачната изработка?

-Да, има луѓе што вистина ја ценат уметноста. Но има и такви кои што не ја препознаваат вредноста. Јас сум задоволна. Може да е подобро, но тука се е потешко. Луѓето сакаат убави нешта, но немаат можности, за жал.

Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева

Вие сте самостоен уметник, треба ли да се има талент или пак само со напорна работа може да се постигне успех?

-Секако дека талентот е важен. Но џабе талент ако не го надградуваш.За себе можам да кажам дека секој ден учам, и се надградувам и да, многу работам. Најверојатно затоа успехот е неизбежен.

Работите и со деца, има ли заинтересираност од нивна страна, што најмногу тие сакаат?

-Со деца работам од поодамна. Сакам деца, трпелива сум со нив и можам да ги сослушам. Ги оставам сами да се изразат. Најважно ми е да се изгубат во боите по два три саати,па и да се испомачкаат во нив,ама тоа играње со боите нема цена. Задоволните лиценца и насмевки исто така. Чуството на слобода во изразување.

Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева
Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева

На што воглавно ги подучувате, учат ли некои техники на цртање, мешање бои ?

– Нормално тие што ќе изразат желба да научат и некоја техника им покажувам што треба. Најчесто тие знаат што сакаат, па затоа и ги оставам да прават што сакаат. Но, најинтересно им е да истураат бои и со рацете да прават фигури.

Сметате ли дека дружењето со четки и бои може да помогне во развојот на децата?

-Секако дека се ова помага во развојот на децата, поготово во ова време-невреме. Замислете само, воопшто не им текнува телефон да побараат со саати. Зарем тоа не е совршено?.Воедно се воздигнуваат креативно и духовно.

Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева
Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева
Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева
Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева

Вие сте посебна, храбра, уметничка душа, оние кои ве познаваат ве опишуваат како позитивна силна жена. Неодамна се случи да ви биде дијагностициран paк на дojкa. Како реагиравте кога дознавте?

-За ова прашање многу одговори имам, но ќе објаснам понешто. Да, пред осум месеци ми беше дијагностициран paк на дојка на редовна контрола. Како и секој кога ќе слушне таква вест така и јас бев во шок.

Се прашував како, зашто, неможев да поверувам. Но се соочив уште првиот ден и во рок од една седмица го отстранив тоа од мене. Тешко е да си признаеш себеси дека ќе биде се во ред без предходна подготвеност, речиси невозможно. Прво што превземав беше уклучување на силна, најсилна психолошка заштита. Постепен пристап кон самоосвестување. Верувајќи дека болеста ќе си отиде тогаш кога нема да има потреба од неа. Се случи глобално пренасочување на системот. Ми се смени животот. Го сменив секојдневието. Се менувам себеси.

Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева
Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева

Кој ви беше најголема поддршка во тие моменти?

-Секако моите најблиски се до мене цело време. Но јас го одам тој пат и само јас останувам со таа вистина.Ова е состојба која што ќе помине.Верувам дека ништо не е случајно, и се се случува со причина,така и ова. Едно големо предупредување.

Влијаеше ли тоа врз вашата креативност и работата воопшто?

-Не влијаеше и не влијае сето ова врз мојата креативност и работење. Освен после оперативниот зафат кога требаше да мирувам,ц ело време работам активно и ја одржувам галеријата каде што ми се изложени делата. Не ни помислувам да биде поинаку. Јас сум создадена да создавам,и се додека дишам ќе творам.

Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева

Помисливте ли да се откажете?

-Никогаш нема да се откажам. Животот со paк можам да го опишам како посебен вид на уметност. Во него постои цело шаренило на моите чуства: исчекување, болка, гнев, лутина, се до прифаќање на самата себе со судбината. Го прифатив paкот како болест која ме донесе до вистината и самата себе.

Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева

Се повлековте во себе или продолживте да креирате со уште поголема волја?

-Не, во ниеден момент не се повлеков, туку спротивно. Иако се случува и да си поплачам, понекогаш, и тоа е нормално. Не си давам време да се повлекувам во себе. Кога се повлекував во себе, го добив ра-кот. Нема да му дозволам да се вдоми, не ми треба. Имам поважни работи да остварам.

Фото : Фејсбук/ Анџелика Колева

Што би им препорачале на жените кои минуваат низ истото, колку вербата во себе, поддршката од најблиските може да помогне во вакви ситуации?

-Жени кои поминуваат низ истото се многу храбри жени. Многу жени запознав во меѓувреме со исти проблеми, многу и веќе ги имав во околина.Тие се бopци, каква што борбеност кај многу мажи ја немам сретнато.

Незнам што би им кажала, што веќе не го знаат. „Репрограмирајте го телото,силата доаѓа од главата”,и заблагодарувајте му се на секое утро што се будите живи.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close