Кафе муабет

Антонија Гиговска: Не сум арогантна, жалам што така ме доживуваат

Откри и дека се уште е со Иван...

Младата Антонија Гиговска јавноста ја запозна како дел од музичкото шоу Пинкови Ѕвездички а денес е една од најголемите ѕвезди во Македонија.

фото инстаграм/Антонија Гиговска

Убавата русокоса гордо чекори на патот до успехот и со својот препознатлив стил на музика сигурно и престои одлична кариера.

фото инстаграм/Антонија Гиговска

Антонија летово работи со полна пареа а пред извесно време отпатува во Србија да ја подигне наградата поп пејачка на годината.

фото инстаграм/Антонија Гиговска

Таа во интервју за естрадниот магазин Бекстејџ истакна дека мислењата на луѓето кога е во прашање нејзиниот карактер се поделени и многумина сметаат дека е арогантна.

фото инстаграм/Антонија Гиговска

– Јас не сум арогантна, сите оние кои имале прилика да ме запознаат го знаат тоа. Јас сум една девојка која што е сосема природна, секогаш насмеана, расположена, секогаш опкружена со луѓе, јас и се плашам да сум сама, и несакам да сум сама, имам еден затворен круг на пријатели кои што се секогаш тука за мене, имам и пријатели познаници но никогаш не излегувам од оној круг на најблиските затоа што многу пати сум погрешила бидејќи многу се приврзувам за луѓе.

фото инстаграм/Антонија Гиговска

На нејзините настапи вели дека била сведок на многу непријатни ситуации…

фото инстаграм/Антонија Гиговска

-Понекогаш некој знае да биде премногу нападен, да те следи, да те исплаши. Имало и такви ситуации, ми стигнувале и пораки на Инстаграм од луѓе кои ме следеле пред зграда, но со искуството се навикнува, вели Антонија за Бекстејџ.

фото инстаграм/Антонија Гиговска

За љубовта открива дека решила приватниот живот да го крие од очите на јавноста но дека се уште е во врска со Иван Јованов од Либеро Бенд.

фото инстаграм/Антонија Гиговска

-Да, заедно сме уште со Иван, многу луѓе ми го велат тоа дека повеќе не сме заедно, дека не објавуваме фотографии, но ние сме заедно и одлично функционираме, можеби е нешто поразлично затоа што последнава година гледам својот приватен живот да го тргнам малку понастрана од социјалните мрежи, сметам дека бев премногу активна и премногу ме имаше со сите мои поранешни партнери и мислам дека тоа требаше да се смени и ми кликна нешто во глава дека тоа не треба да биде повеќе така. Со Иван сме се уште заедно, јас си имам свои обврски тој си има свои и ништо не е сменето.

фото инстаграм/Антонија Гиговска
фото инстаграм/Антонија Гиговска

Инаку поранешната „Пинк ѕвездичка“ се појави на фестивалот „Скале“ каде ја престави својата песна „Око моје“ што ја испеа на српски јазик.

фото инстаграм/Антонија Гиговска

Гиговска која беше една од многуте што се појави на сцената на фестивалот Скале кој се одржува во Херцег Нови, и е продолжение на „Сунчане скале“, со своето провокативно издание никого не остави рамнодушен.

фото инстаграм/Антонија Гиговска
фото инстаграм/Антонија Гиговска

 

фото инстаграм/Антонија Гиговска
фото инстаграм/Антонија Гиговска
фото инстаграм/Антонија Гиговска

 

фото инстаграм/Антонија Гиговска

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close