Дом и семејство
Ана Севиќ сподели убави вести: Честитки пристигнуваат од сите страни- ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ПЕЈАЧКАТА
Синот го прослави првиот роденден...
Пејачката и водителка Ана Севиќ веќе неколку години ужива во љубовната бајка со сопругот Даниел Недељковиќ, а како круна на нивната голема љубов дојдоа Сена и Симеон.
Откако стапи во љубовна врска со сегашниот сопруг, пејачката и поранешна водителка се повлече од медиумите и максимално се посвети на мајчинството.
Таа ужива во секој нов ден со своите наследници, а не крие дека посакува нивното семејство да се прошири. По пропаѓањето на бракот со Дарко Лазиќ, Даниел и ја врати вербата во љубовта на Ана иако во еден момент раскинаа, сепак нивната љубов беше силна и ги издржа сите предизвици.
Набрзо сфатија дека не можат еден без друг, па и дадоа шанса на својата љубов и очигледно тоа беше нивниот најдобар потег. Во декември 2020 година на свет пристигна Сена, а во март 2022 година во семејството на Ана и Даниел дојде малиот Симеон кој викендов ги дувна првите роденденски свеќички.
– Симеон има една година! Голем 1-ви роденден и 365 дена од најголемата љубов која само расте! Сонцето на нашиот живот, нашиот драг син, ангел, сè! Боже, ти благодарам за сè! На овој наш голем ден ви посакувам се најдобро што можете да посакате– напиша гордата мајка на Инстаграм.
Синот на Ана Севиќ викендов ја имаше првата забава за паметење, а мама и тато напорно работеа на осмислување на најситните детали.
Сестрите Сена и Лорена му помогнаа да ја дувне свеќата од тортата, а семејството Недељковиќ добиваше честитки во текот на целиот ден.
Под фотографијата која пејачката ја објави на Инстаграм, бројни колеги му посакаа се најдобро на Симеон по повод прекрасниот ден со желба наскоро да добие брат или можеби уште една сестра.
Ана Севиќ за кратко време по породувањето со синот се врати на старата тежина која ја имаше пред бременоста и покажа дека е во одлична форма, и доби многу комплименти од следбениците на Инстаграм, но имаше и такви кои ја осудуваа, кои не веруваа дека по бременоста за краток период може да го врати телото во совршена состојба.
„Кога ќе признаеш дека си ангажирала сурогат мајка“, „Каква модна мачка си“, „Совршена како и секогаш“ – беа само дел од многуте коментари кои Ана ги добиваше на Инстаграм.
Ана Севиќ и нејзиниот сопруг Данијел Недељковиќ ја дознаа веста дека повторно ќе станат родители само седум месеци по раѓањето на нивната ќерка Сена. Сознанието дека во семејството ќе дојде момче го разнежни целото семејство.
“Оваа вест го израдува целото семејство бидејќи имаа голема желба да добијат момче. Не се старомодни, се работи за емотивна природа. Даниел го загуби својот брат и веста дека во семејството доаѓа неговиот син Недељковиќ ги израдува сите“, изјави тогаш за Мондо извор близок до парот.