Дом и семејство
Ана Кораќ го криеше партнерот од очите на јавноста а сега откри се: Старлетата неодамна стана мајка, го покажа синот а ова е нејзиниот партнер
Не крие колку е среќна поради приновата...
Старлетата Ана Кораќ се породи пред околу две недели но јавноста немаше можност да ја види како излегува од породилиштето ниту да дознае нешто повеќе за нејзината бременост бидејќи таа сето тоа добро го криеше.
Но сега Кораќ реши да се врати на социјалните мрежи па веќе објави и неколку фотографии со наследникот на кого не сакаше да му го открие името.
Имено Ана Кораќ доби безброј коментари за нејзината фигура и комплименти дека сега изгледа многу поубаво па очигледно улогата на мајка и годи.
Ана Кораќ сега отворено проговори за својот партнер, за вниманието кое го добива од него и откри како тие двајца функционираат како родители.
Ана призна дека не и паѓаат тешко непроспиените ноќи бидејќи секој момент што го поминува со синот и значи многу и така се повеќе и повеќе се запознаваат.
– Се чувствувам одлично, баш како што замислував, среќна, благословена и исполнета. Родителството ги буди највредните чувства кај жената. Моето срце, душа, целосно битие се посветени на мојот син, кој е центарот на мојот свет. И бебето е премногу добро, слатко, мило и мало. Полека се запознаваме. Што се однесува до недостигот на сон, тоа се слатките маки за кои ми кажа мајка ми. Сега целосно ја разбирам. Фала му на Бога, син ми е послушен, добро спие и обврските околу бебето, дали дење или ноќе, не ми се тешки. Штом се разбуди веднаш реагирам и брзо го заспивам. Се адаптиравме, па и јас спијам кога спие бебето. Во меѓувреме завршувам со други обврски, но бебето ми е приоритет.
Ана истакна дека има голема помош од нејзината мајка.
-Не можам да кажам дека немам помош, но сама ги завршувам сите обврски околу син ми. Не сакам да се одвојувам од него, во секое време му подарувам љубов и внимание. Се разбира, мајка ми е секогаш мојот најдобар советник и нејзината помош вреди злато.
-Обврските околу син ми не се тешки, напротив уживам да го бањам, менувам пелени и облекувам. Секоја минута ми е забавна, убава, магична, исто како него.
На прашањето дали таткото и помага околу обврските Ана истакна дека тој е супер татко и сопруг и дека е задоволна од тоа како функционираат.
– Секако! Тато е најважната фигура. Синот е ист како тато, премногу сладок. Ние ги имаме нашите ритуали, нашиот мир и темпо. И двајцата сме координирани околу нашиот син и верувајте функционираме совршено.
– Убаво е кога до себе имаш маж кој те прави среќна со работи кои и се допаѓаат на секоја жена. Познато е дека сакам полнети играчки, цвеќиња, слатки. Ова се малите нешта кои нас жените не прават нежни, па сакав да ги споделам со други дами. Секако дека не добивам подароци секој ден. За мене најважни подароци се љубовта, почитта, тоа го добивам секој ден и уживам како сопруга и мајка.