Кафе муабет
Ана Бекута непрепознатлива: Оваа трансформација на пејачката ќе ве шокира- изгледа 10 години помладо!
Стана црвенокоса...
Снимањето на новата сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ е во тек, а во студиото во Кошутњак дојдоа и членовите на жирито кои годинава останаа непроменети.
-Што се однесува до тоа каде ќе се емитуваме, тоа го одлучуваат исклучиво новите сопственици и јас веќе немам ништо со тоа. Нема да има промена во составот на жирито, сите сме тука како и лани. Поздрав од сончевата Опатија – изјави неодамна Поповиќ за „Блиц“.
Жирито, кое минатата година работеше со кандидатите и ги освои срцата на публиката, и овој пат ќе ги заземе своите места.
Цеца Ражнатовиќ, Ана Бекута, Вики Миљковиќ, Марија Шерифовиќ, Снежана Ѓуришиќ, Ѓорѓе Давид и Драган Стојковиќ -Босанац како и досега ќе изберат нова музичка ѕвезда.
Несомнено најголемо внимание привлече пејачката Ана Бекута со промената на имиџот.
Фолк дивата пристигна во портокалова креација, а целиот аутфит го комплетираше нејзината нова боја на коса.
Коментарите за нејзиниот изглед се нижеа а многумина велат дека никогаш не изгледала подобро.
Да потсетиме, пејачката Ана Бекута се уште е во жалост за невенчаниот сопруг Милутин Мркоњиќ, кој почина во ноември минатата година, па не даде изјави за новинарите.
Таа само накратко на својот Инстаграм профил напиша дека започнало снимањето на новата сезона и дека наредниот период ќе работи на барање нови ѕвезди.
-Почнавме да бараме нови ѕвезди на Гранд, а некое внатрешно чувство ми кажува дека ќе најдеме Ѕвездетина. Со нетрпение ги очекувам новите бои на гласот, новите бои на небото и новите бои на есента, напиша во описот на фотографијата која ја сподели!
Имено може да се забележи дека Ана е црвенокоса а за промената доби многу комплименти од своите обожаватели но и колеги меѓу кои Драгана Мирковиќ и Милица Тодоровиќ кои го пофалија ова нејзино издание.
Ја спречи свадбата на синот!
Синот на Ана Бекута, Игор, непосредно пред смртта на емотивниот партнер на пејачката, политичарот Милутин Мркоњиќ, се сврши со новата избраничка Тамара Виденовиќ од Ниш, а несреќната околност го спречи заљубениот пар да направи голема прослава.
Една од омилените пејачки останува на ставот дека не сака јавно да се експонира, дава интервјуа и гостувања додека не помине една година од смр-тта на Милутин.
Таа ретко настапува, а на прославите била во придружба само со многу блиски пријатели, па не е изненадување што не сака ни да слушне за свадбените веселби, пренесува „Папарацо“.
-Знае и тој каков е ставот на Ана до 27 ноември кога ќе помине една година од смр-тта на Мрка, а тој повторно инсистира да се жени. Ана се налутила што дури и рекол такво нешто. Му се заканувала да не прави глупости и тајно да се жени, бидејќи нема да добие благослов и помош од неа. Таа строго му рекла да почека и дека ако девојката го сака, може да почека уште еден месец. Од друга страна, тој не сака да прави свадба во зима, туку мора да ја чека пролетта, а сакал што побрзо да ја официјализира врската со извесна Тамара од Ниш. Се скарал со Ана, но на крајот и ветил дека ќе почека и ќе ја почитува нејзината одлука, а и поради Мрка затоа што многу го сакал – открил за „Папарацо“ извор близок на пејачката.
За потсетување, синот на Ана Бекута од првиот брак ги има синот Бранко и ќерката Соња, кои според медиумите го поддржале нивниот татко во неговата одлука повторно да застане на лудиот камен.
Најблиските знаат дека Игор стави крај на бракот во 2006 година, а неговото срце целосно го освои Тамара Виденовиќ од Ниш.
Нивната средба била судбоносна, а нивната љубов се случила на прв поглед, како што обично се случува кога се во прашање вистинските емоции. Нив ги запознал заеднички пријател, а искрите меѓу Игор и Тамара веднаш се разгореле.