Кафе муабет
Анастасија сврте нов лист, Гудељ во шок: Не сакам повеќе да бидам НЕЗАДОВОЛНА!
Пејачката ги шокираше сите со оваа порака...
Врската помеѓу Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудеља е под будното око на јавноста.
Се чини дека ниту една романса на јавни личности не привлече толку медиумско внимание како врската на Анастасија со фудбалерот Немања Гудељ.
Во најголема мера, тоа е така затоа што заљубениот пар ја одржува врската на дистанца, а очигледно за сега нема промена. Бидејќи Анастасија успешно се занимава со музика и дека е неопходно да биде опкружена со соработници во Србија и дека Немања моментално е ангажиран во Шпанија и наскоро може да потпише договор за некој турски фудбалски клуб, постои секоја можност тие да бидат илјадници километри оддалечени еден од друг и тоа на подолг временски период.
Пејачката и фудбалерот се лудо вљубени еден во друг, и засега немаат проблем да идат разделени на неколку дена. Како и да е, Анастасија со една своја објава ги остави своите следбеници во чудење и многумина се запрашаа дали сè помеѓу неа и Немања е така совршено како што изгледа.
Имено, таа на својот „Инстаграм“ напиша.
– Понекогаш луѓето дозволуваат еден ист проблем да им предизвикува незадоволство со години, се додека не кажат „Па што“. Омилено ми е да велам, па што – напиша ќерката на Цеца Ражнатовиќ.
Поради ваквите објави на пејачката многумина имаат сомнеж дека се е во ред со нив, меѓу другото, врската помеѓу Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудеља не престанува да ги интригира медиумите, а дали далечината ќе влијае на нејзиниот понатамошен развој ќе покаже времето.
Да потсетиме, неодамна извор близок до парот за медиумите откри дека спортистот добил одлична понуда од фудбалски тим, а Анастасија докажала дека е негова најголема поддршка кога се согласила да се пресели на Босфор со своето момче.
– Гудељ доби понуда да се пресели од Севиља во редовите на актуелниот турски шампион, тимот на Трабзон. Неговиот сегашен тим е подготвен да го продаде за огромна сума, моментално се водат преговори, а многу е веројатно дека Немања следната сезона ќе се пресели на Црното Море поради деловните обврски – ја започна приказната изворот, кој потоа откри дека со него ќе замине и наследничката на Цеца.
– Немања и Анастасија се во сериозна врска и планираат заедничка иднина. Таа беше првата личност на која и кажа дека добил понуда од турскиот прволигаш и и објасни дека е многу веројатно следната година да ја напушти Шпанија. Ја прашал дали би сакала да ги спакува куферите и да замине со него. Се договориле прво да оди во Турција, а кога ќе се смири и ќе се вклопи во околината, ќе му се придружи и Таша – открил соговорникот кој истакнал дека Ражнатовиќ не планира да ја запостави музичката кариера.
– Анастасија не планира да се откаже од пеењето. Свесна е дека за да напредува во работата треба многу време да минува во Белград бидејќи тука се сите нејзини колеги и кариерата најдобро ќе ја води од Србија. Исто така, таа е многу врзана за семејството, мајката, братот и внукот Жељко, а одлучила постојано да биде на релација Белград-Турција за да го поддржува своето момче, но и да продолжи со сопствениот раст. Верува дека тоа ќе биде добар тест за нивната врска, била свесна дека сериозна врска со спортист бара одредени жртви и верува дека ќе може да се снајде со тоа темпо на живот – заклучил соговорникот.