Кафе муабет
Анастасија Ражнатовиќ за животот без татко: Целиот свет ми се сруши, бев многу лута!
Пејачката никогаш поискрена...
Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ после долго време јавно проговори за нејзиниот покоен татко Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Пејачката во емисијата „Преживеани“ зборуваше за семејството, моментите кога Цеца Ражнатовиќ беше во затвор и времето кое го помина со брат си Вељко без мајка си. Анастасија прозборе и за нејзиниот татко.
Водителот Милан Калиниќ го спомна Жељко Ражнатовиќ Аркан и ја праша пејачката како се справува со навредливите коментари за нејзините родители:
„Не ми е јасно кога некој ќе ми напише навреда за моето семејство, татко ми, како бил ваков или онаков и сака да ме повреди со тоа. Јас не гледам така… Дали јас би го направила тоа на некој кој најмногу ме повредил во животот, би му напишала на детето дека треба да се откаже од татко му? Каква врска има тоа со неговото дете? Секој што е нормален, кој го знае зборот лојалност и семејство, знае дека тоа е нескршливо. Ако некој очекува да се откажам од членовите на моето семејство, тоа нема да се случи“, рече таа.
„И некој било што да ми направи никогаш не би очекувала да се откаже од својот татко, па и да е најлош на светот а мојот татко не беше. Јас сум горда да бидам негово дете и што беше тоа што беше, оној кој толку многу ја сакаше и бранеше нашата земја и секогаш ќе бидам горда на тоа и ќе го сакам засекогаш“, истакна таа.
Пејачката се осврна и на тешкиот момент кога нејзината мајка Светлана Цеца- Ражнатовиќ беше уапсена.
Анастасија раскажа и дека при апсењето им било кажано дека Цеца оди на службен пат во Америка, а на прашањето како таа и нејзиниот брат поминувале низ тешки времиња, пејачката искрено одговорила:
„Се сеќавам дека мајка ми процени дека сме млади и дека нема да разбереме. Таа рече дека оди во Америка на турнеја, а ние бевме кај баба ми и дедо ми во Житораѓа. Таа тогаш беше во затвор.
Анастасија вели дека била мнпогу лута во тој период бидејќи ниту Цеца ниту пак нејзината тетка Лидија не се појавиле на нејзиниот роденден.
-Бев лута поради затоа што ниту таа, ниту тетка ми не дојдоа од Америка, а тие беа заедно во затвор. Знам дека почувствував нешто чудно во нејзиниот глас, и реков: Ако не можеш ти, зошто барем тета не дојде, потоа почна да плаче по телефон. Ништо не ми беше јасно“, започна таа.
Трпела вербално наслство од своите врсници, кој постојано и велеле дека мајка и е во затвор…
„Децата ме прашуваа: „Каде е мајка ти? Мајка ти е во затвор, тоа го има во секој весник“, реков дека весниците лажат, а мајка ми беше во Америка, и тоа беше приказната цело време. Кога излезе, ја прашавме неа.
“ Се сеќавам дека беше неверојатно… Кога ќе го погледнеш тоа додека си мал, ти велат дека само криминалците одат во затвор, а од друга страна, твоите родители ги гледаш како најчистото нешто на светот кога си толку мал , и некој ги спојува тие две, збунет си … не ја осудувам за ништо, дури ни за тоа дека тогаш била во Америка, мојот мал мозок не би го разбрал тоа. Разговаравме многу, убаво ми раскажа и ми сложи се во мојата глава, ми кажа се до најмал детал па со текот на годините сфатив што е и како е“, рече таа.
За потсетување, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзината сестра Лидија беа уапсени во 2003 година во акцијата „Сабја“ и поминаа четири месеци во притвор.
Анастасија тогаш имала само пет години и откри дека не знаела каде всушност е нејзината мајка, но ѝ рекле дека е на турнеја во Америка.
-Кога сфатив што е вистина на 10 или 11 години, првото нешто што ми падна на памет беше дека тие деца што не закачаа беа во право. И јас се расправав со нив, велејќи им дека весниците лажат. Секако, тогаш бев премногу млада за да ја знам вистината, ниту пак би ја разбрала. Од оваа перспектива разбирам дека беше неопходно да ни се каже таа „бела лага“ – изјави Анастасија.
Осум години подоцна доживеала нов шок, кога на Цеца Ражнатовиќ и ја ставиле наногицата, а во нивната вила на Дедиње и бил одреден домашен притвор. Анастасија вели дека 22 јуни 2011 година ќе остане врежан во нејзиното сеќавање до крајот на животот.
– Никогаш нема да го заборавам моментот кога дојдоа да и стават наногица. Дотогаш се беше во воздух, да или не, но кога тоа се случи, целиот свет ми се сруши. Мене ми беше ужасно тешко. Кога видов дека и ставаат наногица, не издржав, па почнав да плачам пред сите. Тогаш пролеав солзи и никогаш повеќе. Закопав сè и ги потиснав моите чувства. На мајка ми и беше премногу тешко кога ме виде како плачам, а на Вељко секако не му беше лесно. Не разговаравме за тоа, што е многу чудно, бидејќи сите тројца сме многу отворени и зборуваме за се. Очигледно, на сите ни беше полесно да не зборуваме за тоа, туку за посветли теми, за да не полудеме сите. Притисокот од медиумите беше огромен и немаше потреба да се занимаваме со таа тема дома – објасни таа.