Кафе муабет

АНАСТАСИЈА РАЖНАТОВИЌ ги пакува куферите! Заминува со Гудељ во овој град: И дал само еден услов, како ли ќе реагира Цеца?

Ќе заминат во Турција...

Ќерката на најголемата балканска фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија не крие дека изминативе неколку месеци ужива во љубовта со српскиот репрезентативец Немања Гудеља.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

За тоа колку е сериозна и стабилна нивната врска, истакнува извор близок до парот, откривајќи дека пејачката и фудбалерот планираат да започнат заеднички живот во Турција.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Имено, како што објаснува соговорникот, спортистот добил одлична понуда од фудбалски тим, а Анастасија докажала дека е негова најголема поддршка кога се согласила да се пресели на Босфор за да поминува време со своето момче.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Гудељ доби понуда да се пресели од Севиља во редовите на актуелниот турски шампион, тимот на Трабзон. Неговиот сегашен тим е подготвен да го продаде за огромна сума, моментално се водат преговори, а многу е веројатно дека Немања следната сезона ќе се пресели на Црното Море поради деловните обврски – ја започна приказната изворот, кој потоа откри дека со него ќе замине и наследничката на Цеца.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Немања и Анастасија се во сериозна врска и планираат заедничка иднина. Таа беше првата личност на која и кажа дека добил понуда од турскиот прволигаш и и објасни дека е многу веројатно следната година да ја напушти Шпанија. Ја прашал дали би сакала да ги спакува куферите и да замине со него. Се договориле прво да оди во Турција, а кога ќе се смири и ќе се вклопи во околината, ќе му се придружи и Таша – открил соговорникот кој истакнал дека Ражнатовиќ не планира да ја запостави музичката кариера.

фото инстаграм/Немања Гудељ

– Анастасија не планира да се откаже од пеењето. Свесна е дека за да напредува во работата треба многу време да минува во Белград бидејќи тука се сите нејзини колеги и кариерата најдобро ќе ја води од Србија. Исто така, таа е многу врзана за семејството, мајката, братот и внукот Жељко, а одлучила постојано да биде на релација Белград-Турција за да го поддржува своето момче, но и да продолжи со сопствениот раст. Верува дека тоа ќе биде добар тест за нивната врска, била свесна дека сериозна врска со спортист бара одредени жртви и верува дека ќе може да се снајде со тоа темпо на живот – заклучил соговорникот.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Инаку неодамна Светлана Цеца Ражнатовиќ истакна дека е задоволна што нејзината ќерка Анастасија си најде момче како Немања Гудељ.

фото инстаграм/Немања Гудељ

– Тој е одлично момче, како и целото негово семејство, фала богу. Најважно ми е што Анастасија е среќна и максимално ќе го почитувам секој нејзин избор и секој избор на Вељко. Нивниот приватен живот е само нивна работа и не сакам да се мешам. Ниту тие не ми се мешаа во изборите – истакна тогаш пејачката и го кажа својот став за тоа нејзината ќерка да се пресели со Гудељ:

фото инстаграм/Немања Гудељ

Но сепак кога станува збор за свадба таа не ја поддржа Анастасија советувајќи ја дека е премногу млада и дека треба да посвети време на кариерата.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Таша постојано зборува за Немања! Многу се заљуби, верува дека тој е вистинскиот маж за неа. Таа често го посетува во Шпанија и е блиска со неговата сестра, брат и мајка. Дека Немања има сериозни намери покажа со тоа што со целото семејство отиде да ја запознае Цеца! Таа заедничка вечера на семејството Ражнатовиќ и Гудељ помина одлично! Цеца дури и заплака кога Немања на својата девојка и подари уметничка слика, на која се таа и нејзиниот покоен татко Аркан – рече тогаш добро упатен извор за „Информер“ и додаде дека многумина очекувале Немања таа вечер да ја запроси Анастасија:

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Анастасија очекува дека Немања наскоро ќе ја запроси и за тоа разговарала со мајка и, но наишла на студен туш!

фото принтскрин

– Не е паметно да се омажиш толку млада! Немања е прекрасен, не можам да кажам ниту еден лош збор за него, но не брзај со бракот. Треба прво да изградиш кариера, а како ќе успееш ако живееш во Шпанија?! Имај ќерко твое парче леб а бракот нема да ти избега – открива изворот што и рекла Цеца на ќерка си.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close