Кафе муабет
АНАСТАСИЈА ЗА ПРВ ПАТ ЗБОРУВАШЕ ЗА РАСКИНУВАЊЕТО СО МЛАДИОТ БИЗНИСМЕН! Пејачката откри дали постои МОЖНОСТ да се смират!
Анастасија вели дека постои можност повторно да бидат заедно...
Цела нација очекуваше дека Анастасија Ражнатовиќ ќе стапне на лудиот камен по пет години врска со Ѓорѓе Кулиќ но наместо тоа тие раскинаа.
Анастасија сега за прв пат јавно проговори за раскинувањето со младиот бизнисмен со кој беше во врска пет години. Нивното раскинување ги изненади сите, а младата пејачка откри дали постои можност да се смират:
– Никој не знае што носи денот, што носи ноќта. Само седнавме и разговаравме и дојдовме до заклучок дека вака е подобро и за мене и за него – рече пејачката а на изјавата на Огњен Амиџиќ дека многумина очекуваа свадба, Анастасија одговори:
– Луѓето го очекуваа тоа бидејќи долго време сме заедно, но јас сум со него од 18 години. Што беше потребно? Да се омажам на 18 години? – рече таа.
-Кога Вељко се ожени сите ме притискаа. Но, јас сум уште млада, има време за мене.
– Пред оваа врска бев во врска две ипол години, сега ќе се посветам малку на себе и на кариерата. А зошто да не, малку да бидам сама.
Парот отсекогаш им бил интересен на медиумите и на седмата сила па откако почнаа да се забавуваат, камерите ги следеле секогаш кога излегувале од домот.
Така камерата на „Папарацо Лов“ пред извесно време го сними расположениот пар како излегува од роденденската забава, а она што е интересно е што Анастасија и Ѓорѓе излегоа одделно.
Тие разговарале, се смееле и се задевале низ прозорецот од автомобилот во кој седела Ражнатовиќ, а девојките по ова продолжиле со забавата, додека момчињата си заминале дома.
Еднаш дури ги снимиле кога се расправале, кога Анастасија излегла од автомобилот, но Куљиќ многу брзо ја расположил.
Инаку многумина го коментираа и нивниот стајлинг. Имено пејачката од својот дом знае да излезе и во поопуштено издание, воглавно тоа е спортска комбинација но тоа не е случај со Ѓорѓе кој постојано е во костим.
“Тој е опасен бизнисмен, постојано е на мобилен телефон, зборува, склучува договори. Кога и да го видам е во некоја акција, секогаш е добро облечен. Никогаш не сум го видел во тренерка, секогаш е во кошула, без разлика дали се фармерки или панталони, ми се чини дека се одличен пар, таа е секогаш насмеана, често се шетаат на крајот на вечерта“, истакна неодамна извор за Информер.
Куљиќ и беше познат на јавноста уште пред да влезе во романса со Ражнатовиќ, а се шпекулираше дека пред врската со Анастасија се забавувал со дури две познати девојки, пренесуваат тамошните медиуми.
Како што се пишуваше, згодниот бизнисмен пред да биде со ќерката на Цеца, бил со старлетата Станија Добројевиќ но сепак, овие шпекулации никогаш не се официјално потврдени.
Се шпекулираше и дека е во врска со тогашната цимерка Ања Стојковиќ, ќерката на Драган Стојковиќ Пикси, со која живеел додека студирал во Америка.
Како што е познато, Куљиќ е богат бизнисмен кој својата кариера ја градел за време на студентските денови во Америка, каде долго време живеел и студирал во Њујорк, а потоа таму започнал бизнис со камиони.
Ѓорѓе сака да се дружи, има група пријатели со кои често сака да оди на патувања или излети.
Со Анастасија ги сподели своите интереси за далечни дестинации и незаборавни одмори.
И покрај опишаниот турбулентен емотивен живот на нејзиниот партнер, Анастасија никогаш не изразила љубомора.
– Имам среќа што на момците им бев прва или втора девојка, па не размислував за бившите девојки. Сите беа постари од мене, мојот сегашен дечко е девет години постар од мене. Немав на што да бидам љубоморна, сето тоа пред мене беше несериозно – изјави претходно Ражнатовиќ.