Кафе муабет
Анабела конечно ја откри вистината и прозборе за зетот Марко- еве што мисли за него!
Ги закопаа секирите...
Пејачката Анабела Атијас отворено проговори за врската со зетот Марко Миљковиќ, како и за проблемот што го имала нејзината ќерка Луна Џогани.
Имено, Анабела истакна дека нејзинaата наследничка неодамна се здобила со повреда на тренинг и дека проблемот бил сериозен.
– Имаше тешка повреда, требаше да оди на операција. Стручен тим од луѓе се справи со нејзиниот проблем и сега се е како што треба – истакна Анабела.
Пејачката се осврна на врската со нејзиниот зет Марко, кој неодамна изјави дека тој и Луна имале сериозен конфликт откако Џогани се породила.
– Односите со Марко Миљковиќ се баш такви какви што треба. Се грижат внучето да има баба, а бабата да си го сака внучето. Миа е најважна во целата приказна, се во врска со тоа е многу глупаво – изјавила Анабела за Блиц.
Луна сака Марко да им прости на сите членови од нејзиното семејство…
Луна Џогани и Марко Миљковиќ уживаат во семејниот живот и целото време го поминуваат во својот топол дом со својата ќерка Миа која неизмерно ја сакаат. Меѓутоа, Луна наводно не е толку среќна, па го тера Марко да поправи една работа, а тоа се однесува на нејзиното семејство, пишува „Скандал“.
– Единствено што и пречи на Луна е тоа што Марко цврсто стои зад неговите ставови, па сепак не простува некои ситуации кои му ги приредиле членовите на нејзиното семејство – објаснува изворот и додава:
– Свесна е дека тој има принципи од кои не отстапува, но бидејќи сега имаат дете и се многу среќни, неговото простување за неа е единствената алка што недостасува за да биде целосно среќна. Таа го замолила малку да оди во црква, да почне да пости и да научи од монахот како да простува. Таа дури на шега му рекла: Ако не го промениш тоа во себе, нема да бидеме повеќе заедно.
-Тој и вети дека ќе даде се од себе да се промени и ја замоли да му даде уште малку време. Ќерка му веќе многу го разнежни и не е безобразен како порано, па навистина треба да им прости на сите и конечно да бидат среќно и големо семејство – ја заклучува приказната изворот за Скандал.
Инаку ова се однесува на мајката на Луна, Анабела која на почетокот многу се протвеше на нивната врска. Таа сметаше дека Марко ја искористува, но се чини дека по раѓањето на нејзината внука некако Анабела ги закопа воените секири и се труди да има коректен однос со зетот.
На неколку наврати и самата Луна велеше дека најпрво се сомневала во љубовта на Марко но потоа сфатила дека нивната врска е сериозна и дека тој искрено ја сака.