Кафе муабет
АМАР ГИЛЕ СЕ ЖЕНИ: Пејачот по разводот ужива во љубовта со новата девојка
Пејачот откри што планира во иднина...
Пејачот Амар Гиле Јашарспахиќ, кога ги сумираше своите впечатоци, 2021 година не беше добра на деловен план, но приватно беше повеќе од успешна, па можеше целосно да му се посвети на семејството.
– И беше добра и не беше … Ми одговараше затоа што поминував повеќе време со семејството, со син ми, затоа што ми недостигаше додека работев, бидејќи не можев да спојам два дена за да бидам со него. Сега бевме заедно 15 дена, го однесов на скијање, но настрадавме што се однесува до финансиската состојба. Еве ја 2022. Му се молам на Господ да биде подобра, јас работев. Но, да речеме дека беше убава, бидејќи ништо не може да го замени семејството, ниту парите, најдобро е да бидете со нив и да се сакате – изјави пејачот.
По разводот, Гиле ужива во љубовта со својата избраничка, а како што откри има сериозни планови, па не е чудно доколку следната година повторно стапне на лудиот камен.
– Планирав нешто, но нека остане тајна, нема да кажам ништо, никогаш не знаеш што може да се случи, но имам планирано нешто посериозно, а кога ќе се случи не знам уште. Се уште сум во врска, се сакаме – вели пејачот.
Тој веќе подготви пакетчиња за синот, а празничната атмосфера владее во неговото семејство, но ваквите знаци на внимание не се само за празниците, туку пејачот секојдневно се труди да биде посветен на своето дете и да биде добар родител.
-Кога и да го видам, секогаш му купувам нешто… Секој ден или му се јавувам или му купувам нешто, така е кога си родител – вели тој.
Инаку пред неколку дена пејачот ги шокираше фановите кога откри дека бил во врска со мажени жени.
Гиле Јашарспахиќ е познат по бурниот љубовен живот, а сега ги шокираше сите со својата изјава кога откри со какви жени до сега бил.
Тој призна дека имал афера со мажени жени но дека никогаш не бил фатен „на дело“.
“Имаше се во мојот живот, бев со мажени жени, но нивните сопрузи не ме бркаа. Внимавав. Знам да чувам тајни, а паметен сум како партнер”, изјавил пејачот за Информер.
„Планирам да ја дочекам Новата година со мојата нова девојка. Не, не се работи за Наташа Радан, таа не е моја девојка ниту некогаш била. Имам нова девојка со која сум во врска некое време, семејство, пријателите и Елма Синановиќ со која настапувам“, изјави Амар.