Кафе муабет

Амар Гиле искрено за љубомората: Неможам да бидам со пејачка, знам што се поминуваат во животот!

Тој вели дека во досегашната негова кариера гледал се и сешто на неговите настапи...

Пејачот Амар Гиле pовеќе од една година ужива во хармонична врска со својата девојка, а сега откри и каква девојка сакал.

Фото Инстаграм/Амар Гиле
Фото Инстаграм/Амар Гиле

Тој вели дека иако имал додворувачки од естрадата сепак тој не би можел да биде во врска ниту да гради иднина со пејачка.

-Можев да бидам со пејачката, но не … едноставно не можев да издржам, бидејќи знам низ што ќе помине во животот, па љубоморен сум. Подобро да имам жена дома а јас да работам- рекол пејачот, па признал дека девојките се уште го задеваат иако е во врска.

Фото Инстаграм/Амар Гиле
Фото Инстаграм/Амар Гиле

Тој вели дека во досегашната негова кариера гледал се и сешто на неговите настапи.

– Жени секогаш ќе има околу нас, но мора да бидеме внимателни, денес жените се полоши од мажите, подготвени се на се, изјави Гиле во емисијата “Grand news”.

Фото Инстаграм/Амар Гиле
Фото Инстаграм/Амар Гиле

За потсетување, Амар Гиле Јашарспахиќ минатата година призна дека ставил точна на долгодишниот брак.

Откако оваа информација излезе во медиумите, се огласи и неговата поранешната сопруга.

– Амар и јас се разидовме по мирен пат. Имаме прекрасни години зад себе, како и синот Дарис кој е нашето најголемо богатство. Знаев за кого се мажам и дека неговата популарност ќе биде проследена со разни медиумски написи на кои не им обрнував внимание, истакна Ена за „Гламур“.

Фото Инстаграм/Амар Гиле
Фото Инстаграм/Амар Гиле
Фото Инстаграм/Амар Гиле

– Амар е прекрасен татко на нашиот син. Ние двајцата ќе останеме пријатели, какви што бевме и досега – додаде таа, додека Гиле пред камерите се надоврза со зборовите.

– Глупаво ми е кажам било што погрешно за неа зошто таа е мајка на нашето дете. Врзан сум за неа со срцето. Јас и ден денес ја сакам. Би било срамота да кажам дека не ја сакав. Ена е прекрасна жена. И кога не е моја, јас сум љубоморен, вели Амар Гиле.

Фото Инстаграм/Амар Гиле

Наташа Радан која ја споменуваа дека им го растурила бракот на Амар и Ена, проговори за нејзината врска со пејачот.

фото архива
Фото Инстаграм/Амар Гиле
Фото Инстаграм/Амар Гиле
Фото Инстаграм/Амар Гиле

– Да, се гледав со него додека бев во брак, но тој беше иницијатор на секое наше гледање, кога ќе дојдеше во Белград, тој мене ми се јавуваше, се гледавме пред и по настапот. Не знам зошто имаше потреба да споменува било каков ПР кој мене ми оставил букет во раце за да се сликам со неа, незнам какви се тие глупости, зошто јас не знаев дека имам ПР. Не ми е јасен, не испрадна фер и коректен кон мене. Јас кон него имав почитување кое тој го немаше кон мене, што и сега го покажа. И тие приказни кои сега ги раскажува, тоа буквално се приказни за мали деца или буквално приказни кои ѝ ги сервирал на својата жена додека беше во брак 4 години. Нема да ги коментирам, тоа не е мој проблем. Се гледавме минатата година, тоа траеше два месеци пред моето влегување во реалното шоу, вели Радан.

фото архива

– Што се однесува до интимните односи, тоа ќе го кажам поради себе, до тоа не дојде. Откако излегов од „Задруга“ не сме повеќе во контакт, немаме никаква комуникација. Одлучив само сега да зборувам за него, зошто тој ме спомна во неговото последно интервју, па не сакам да излезам бедничка која го прогонувала кутириот мал Амар Гиле Јашарспахиќ, со него сега е завршена секоја комуникација и не сакам повеќе да ме прашуваат за него, заклучи Наташа Радан.

Фото Инстаграм/Амар Гиле
Фото Инстаграм/Амар Гиле
Фото Инстаграм/Амар Гиле
Фото Инстаграм/Амар Гиле
Фото Инстаграм/Амар Гиле

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close