Кафе муабет
Ако вашата свекрва е родена во овој хороскопски знак вие сте добиле на “лотарија”!
Се грижат за снаите како за своите деца...
Доколку имате свекрва родена во овој хороскопски знак можеби сте добиле на лотарија, а не сте ни свесни за тоа.
Иако приказните за „злобните свекрви“ се нешто што едноставно никогаш нема да излезе од мода, астролозите откриваат дека некои жени имаат малку повеќе среќа со нив ако се родени во овие знаци!
Водолија
Водолиите се инаку пријатни луѓе со кои е лесно да се договорите. Припадниците на овој знак ја сакаат слободата и затоа го почитуваат личниот простор на другите. Нема да се меша во односите на своите деца, а во се ќе дава поддршка. Свекрвата Водолија кон девојката или сопругата на синот се однесува како пријателка. Сепак, Водолијата тешко ги поднесува критиките, па мора внимателно да комуницирате со неа.
Риба
Многу од својата енергија им ја даваат на другите и секогаш сакаат да бидат сигурни дека и другите се чувствуваат добро, без многу внимание да обрнуваат на себе.
Тие се многу трпеливи, љубезни и идеални свекрви. Рибите сонуваат за свадба од бајка и едвај ги чекаат внуците, па избраничката на синот ќе ја пречека со раширени раце“. Навистина е тешко да се карате со припадниците на овој знак, бидејќи тие се многу флексибилни и сакаат да го зачуваат мирот во куќата.
Вага
Иако Вагите изгледаат смирени, тие можат да бидат многу бурни и романтични кога се опуштени. Жената Вага не игра игри. Таа е многу внинмателна а понекогаш и болно искрени. Значи, тука нема игри, бидејќи тоа не би било фер!
Ако кралот Соломон беше кралица, сигурно ќе беше Вага. Жената Вага ја отелотворува правдата, правичноста и рамнотежата. Тие се исклучително друштвени и имаат дарба за комуникација. Тие се харизматични, волшебни и многу лесно можат да ги придобијат луѓето околу нив. Жената Вага отелотворува фантастична мешавина на рационална логика и испарливи емоции. Секогаш е отворена за здрав разум, логика и добронамерни совети за нејзините грешки, но само ако логично можете да и ги посочите.
Припадниците на овој знак добро се согласуваат со другите, и лесно стекнуваат нови пријатели. Ним им е важно само партнерот да го усреќи нивното дете и семејството да живее во хармонија. Сакаат да даваат добри совети, но се трудат да не се мешаат во туѓите работи. Често, за време на расправија, Вагата се обидува да ја смири тензијата и да најде компромисно решение.