Кафе муабет
Агнеса покажа дека е одлична домаќинка: Ги “засука” ракавите и влезе во кујна- она што го зготви е “прсти да излижеш”
Таа откри дека секој ден готви...
Агнеса Органџиева важи за една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи. Таа со своите одлични модни комбинации и изглед ги воодушевува жените, а кај мажите им мами воздишки, така што нејзиниот Инстараг профил за брзо време стана вистинска атракција.
Рускосата Агнеса денес има преку 100 илјади следбеници на оваа социјална мрежа што воопшто не е бројка за потценување, а нејзиниот профил е преплавен со фотографии на кои оваа дама изгледа прекрасно.
Таа за естрадниот магазин Бекстејџ откри дека е на строг режим на исхрана и дека успеала да ослабне петнаесет килограми.
Напомена дека физички е активна а во меѓувреме остварила и неколку соработки кога станува збор за работата па моментално е среќна и исполнета.
Агнеса е мајка на две деца па со оглед на тоа откри и колку ужива да поминува време во кујна.
-Готвам секој ден, готвам се, од македонска храна, дури и суши, откри Агнеса. Таа пред камерите на Бекстејџ се покажа и како одлична домаќинка.
Ги засука ракавите и влезе во кујна да подготви салата па според приложеното Агнеса се покажа акко вистинска домакинка, каква што ја знаат само оние најблиските кои имаат чест таа да им зготви нешто од своите специјалитети.
Агнеса дефинитивно е жена која со секоја своја објава знае да им го привлече вниманието на своите фанови и постојано ги воодушевува сите.
Инаку, Органџиева не крие колку е поврзана со своето семејство и тоа го има истакнато во неколку интервјуа.
Таа има две ќерки Тифани и Вивиен, кои што ги доби од бракот со Роберт Ордановски, поранешниот прв човек во АЕК.
По 17 години брачен живот Агнеса и Роберт се разделија и решија да започнат нов живот, а нивниот развод беше проследен со скандал.
Но на крај страстите се смирија, а Агнеса во едно интервју за „Гламур магазин“ го пофали Роберт како одличен татко.