Кафе муабет

Агнеса Органџиева покажа од кого ја наследила убавината: Погледнете ја мајката на убавата инфлуенсерка- гените се чудо!

Каква мајка таква ќерка..

Агнеса Органџиева важи за една од најубавите жени кај нас. Познатата инфлуенсерка стекна голема популарност со нејзините објави на Инстаграм и Фејсбук, а нејзините модни комбинации претставуваат инспирација на многу дами.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Со својот изглед секогаш е во центарот на вниманието а мами воздишки кај посилниот пол.

фото Фејсбук/Агнеса Органџиева

Агнеса денес е успешна модна блогерка и инфлуенсерка а во неколку наврати истакна дека убавината ја наследила од својата мајка, Гордaна Органџиева, која исто така важи за негувана жена која изгледа одлично за свои години.

фото Фејсбук/Агнеса Органџиева

Агнеса сподели фотографија со мајка си, за која вели дека е нејзина најголема поддршка и доби низа коментари а меѓу нив и оние дека таа е копија на нејзината мајка.

фото Фејсбук/Агнеса Органџиева

Таа токму од неа ги наследила цртите на лицето, па како што самата вели, нема потреба ништо да прикрива, туку само да истакнува делови како што се очите и устата.

фото Фејсбук/Агнеса Органџиева

И додека некои мислат дека модната инфлуенсерка Агнеса Органџиева има направен повеќе еcтетcки корекции, таа во едно свое интервју откри дека е во најдобрите години и дека својот шарм го наследила од својата мајка.

фото Фејсбук/Агнеса Органџиева

Инаку Органџиева има две ќерки, Вивиен и Тифани, а како што самата откри во една пригода за Гламур магазин, со нејзиниот сопруг се во коректни односи и по разводот. Таа се уште вели дека тој е одличен и грижлив татко, кој е горд на своите ќерки и ужива кога го минува времето со нив.

фото Фејсбук/Агнеса Органџиева

Органџиева за многу кратко време стана една од најпопуларните дами во Македонија и секоја нејзина фотографија има илјадници лајкови.

фото Фејсбук/Агнеса Органџиева

Само нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм го следат скоро 50 илјади следбеници, а мошне популарна е и на Фејсбук каде исто така редовно ги споделува своите бројни впечатливи модни комбинации.

Фото Фејсбук/Агнеса Органџиева
фото: приватна архва
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
фото Фејсбук/Агнеса Органџиева
фото Фејсбук/Агнеса Органџиева
фото Фејсбук/Агнеса Органџиева
фото Фејсбук/Агнеса Органџиева

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close