Бебе

Што се случува во првиот месец од бременоста – кога се појавуваат првите симптоми што укажуват дека сте бремени

Нормалната бременост трае 280 дена, или 10 лунарни месеци, или 40 недели

Како се движат промените во телото на бремените жени во првиот лунарен месец од бременоста, со која големина е ембрионот и дали во овој период може да се регистрира бременоста на преглед со ултразвук?

Најпрво треба да споменеме дека нормалната бременост трае 280 дена, или 10 лунарни месеци, или 40 недели, а почетокот на бременоста се пресметува од седмиот ден по првиот ден на последната менструација.

Во главно, дури на крајот на овој месец бремена жена почнува да чувствува промени и се јавуваат првите сомнежи дека можеби е во блажена состојба. Во првата недела од овој месец доаѓа до оплодување на јајце клетката (една или повеќе) со сперматозоиди. Тогаш настанува ембрионот (оплодената јајце-клетка) која во наредните четири до пет дена патува до матката, а потоа се вгнездува во неа. Дури во последната недела од овој лунарен месец, кога ќе се вгнезди ембрионот во матката, се поврзува со крвотокот на мајката и почнува да се лачи хормонот на бременоста hCG (хумани хорионски гонадотропин), чие ниво се зголемува во крвта и урината на мајката, па можат да се прават рани тестови за да се утврди бременост , бидејќи тие се базираат на hCG.

Под дејство на хормоните почнуваат да се чувствуваат промените во телото на мајката (рани, несигурни знаци на бременост), кои таа ги чувствува непосредно пред што би требало да го добие следниот циклус, во смисла на блага, нејасна болка во долниот дел на стомакот, како предменструални болки, блага мачнина и болка во градите.

На крајот од овој месец бременоста може да се регистрира со УЗ преглед, се гледа гестациската кеса (празниот простор во внатрешноста на матката), во која може да се препознае ембрионот. Ембрион е долг 2мм.

Related Articles

Close
Close