Кафе муабет
Харис не го сакал неговиот колега за зет па и се заканил на ќерка си- “Или ќе му раскинеш или ќе ти земам се”
Тој е виновен за раскинувањето...
Младиот рапер и миленик на девојките, Михајло Веруовиќ Војаж и ќерката на фолкерот Харис Џиновиќ, Џина Џиновиќ ја раскинаа врската на почетокот на октомври, само еден месец откако папараците првпат ги фатија заедно за време на романтична вечера во еден ресторан.
Иако тие двајца никогаш јавно не признаа дека се заљубени, од почетокот на нивната врска се знаеше дека изборот на Џина не му се допаднал на нејзиниот татко Харис Џиновиќ.
Како што одминува времето, вистинските причини кои ги наведоа овие двајца млади луѓе да стават крај на нивната врска полека излегуваат на површина, а главната причина е, како што може да се претпостави, Харис.
Добро упатен извор за тамошните медиуми открива дека, таткото буквално ја принудил Џина да раскине со Михајло.
-Тоа беше првпат таа да се скара навистина лошо со Харис. Таа не сакаше да попушти, бидејќи таа и Војаж дури се договорија да започнат заеднички живот, за да се осамостојат и да видат како би функционирале така. Харис на секој начин се обидувал да ја убеди да му раскине, а кога видел дека не вреди, се заканил дека ќе и го одземе автомобилот и месечниот надоместок. Среде расправија и рекол дека завршил со неа засекогаш ако не го послуша – открива изворот.
– На Харис многу му пречеше и тоа што се гледаат дома и што таму се снимаа за социјалните мрежи, на што тој е голем противник. Иако дотогаш не се мешал во изборот на партнер на ќерка си, тогаш неговата сопруга Мелина застанала на страната на Харис, која ја советувала ќерка си да стави крај на таа приказна и да се посвети на студиите. Џина тешко го поднела сето тоа, неколку дена била во депресија, но на крајот сфатила дека не и треба конфликт со родителите. Покрај тоа, и двајцата трпеа голем притисок од јавноста, па разговараа и решија да останат во добри односи – заклучува изворот.
Инаку пред врската со Војаж, Џина беше во врска со фудбалерот Андреј Ѓуриќ со кого планираше и заедничка иднина.
Џина беше во врска со Андреј Ѓуриќ, фудбалер на „Црвена ѕвезда“, а ги известила родителите дека сака да се пресели со него во друга земја, штом потпише договор.
– Андреј моментално настапува за Ѕвезда, но прашање е кога ќе потпише нов договор и за кој клуб. Целта му е да оди подалеку, поточно да игра во странство, што ќе се случи до есен. Џина и тој се во врска три години и тоа е навистина многу голема љубов, па решила да биде вистински партнер и ако тој оди во странство планира да ги спакува куферите и да оди со него – рече тогаш добро упатен извор:
– Таа им кажа на Харис и Мелина по што настана џумбус. Харис и кажал дека разбира дека се сакаат и дека треба да му биде голема поддршка, но дека е уште млада да му се посвети и дека треба да размислува за школувањето. Џина му плесна во лице дека сега е полнолетна и сама одлучува што да прави – Харис доживеа уште поголем шок кога Мелина ја поддржа Џина.
– Мелина му рекла на Харис да не се нервира и дека Џина е паметна девојка, да ја пуштат и да ја поддржат во одлуката, рече изворот.
Само неколку месеци по раскинувањето, таа беше забележана со младиот рапер, а и самата објави заедничка фотографија на социјалните мрежи но до сега ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ не сака да зборува за приватниот живот и не се огласи по раскинот на врската ниту со Андреј ниту со Војаж.