Новости

ФОТОГРАФИЈА КОЈА ГО ОСВОИ СВЕТОТ: Ова е симбол за надеж- новороденче ја трга маската од лицето на докторот!

Оваа фотографија го стопи срцето на многумина.

На социјалните мрежи неодамна беше објавена фотографија која буквално го освои светот.

Станува збор за фотографија споделена од гинекологот Самер Чеиб од Обединетите Арапски Емирати на која може да се види како штотокуродено бебе ја вади маската од лицето на гинекологот.

Оваа фотографија од Дубаи, кај многумина разбуди надеж дека животот ќе се врати во нормала, на оној пред „новото нормално“.

 

 

„Сите сакаме знак дека наскоро ќе ги тргнеме маските“, напиша докторот во описот на фотографијата.

Оваа фотографијата стана хит на социјалните мрежи и собра повеќе од 92 илјади лајкови.

Гинекологот откри дека мајка дента кога е направена готографијата мајка родила близнаци – девојче и момче и дека момчето е одговорно за оваа фотографија која го преплави интернетот.

– Второто бебе беше мало момченце, го држев за да може неговиот татко да не слика, а бебето ми ја повлече маската. Во тој момент сите се смеевме – рече тој.

Чеиб често пати споделува фотографии на својот профил со бебињата во чие раѓање учествувал, а исто така бил изненаден од популарноста која ја постигнала оваа фотографија.

Многумина на социјалните мрежи коментираа дека  „новото нормално“ наскоро ќе заврши.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close