Новости

УШТЕ ЕДНО 9-ГОДИШНО МОМЧЕ НАПРАВИЛО СПИСОК ЗА ЛИКВИДАЦИЈА! Мајката тврди дека тоа дел од негова игра!

Уште едно момче пријавено во полиција...

Момчето А.Ј.(9) од основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Белград е друго момче кое направило список со ученици кои наводно сака да ги уб.ие, објави српски Информер!

фото илустрација

Дополнително, секогаш кога влегувал во училиштето, се правел дека пука во обезбедувањето!

Како што откри споменатиот медиум денеска околу 10 часот во белградската полиција се јавила помошник директорот на основното училиште Десанка Максимовиќ и пријавил дека подолг период имал проблем со ученик од трето одделение.

фото илустрација

-Тој кажа дека кога момчето пристигнало во училиштето се преправало дека пука во обезбедувањето и дека после тоа ги бркал помалите деца во дворот. После тоа влегол во одделението и направил список со сите ученици што сака да ги уб.ие – изјавил соговорникот за Информер.

фото илустрација

Тој додаде дека помошникот директор изјавил дека долго време имал проблем со тој ученик, како и дека го известил Центарот за социјална работа, но дека не добил никаков одговор.

-За се е известена и мајката на малолетникот, која изјавила дека тоа е дел од неговата игра и дека е добро дете – пишува Информер.

фото принтскрин

Мајката на малолетникот во полиција изјавила дека нејзиниот син само си играл и дека е добро дете.

Да потсетиме, Србија е во три дневна жалост откако вчера се случи трагичен настан во ОУ „Владислав Рибник“ во кој ученикот К.К. (13) од седмо одделение изврши убиство на 8 ученици и домарот, а рани шестмина врсници и наставничка.

фото принтскрин

Веселин Милиќ, началникот на Полициската управа на Град Белград изјави дека момчето што го изврши масакрот за себе изјавил дека е психопат.

фото принтскрин

Милиќ потврди дека момчето се наоѓаа во Полициската управа за Град Белград и дека тукушто заминал во една здравствена институција за лечење на малолетни лица, во присуство на работник од Центарот за социјална работа.

фото принтскрин

Милиќ во изјава за РТС повтори дека напаѓачот самиот ја повикал полицијата и ги известил за злочинот што го направил.

фото принтскрин

„Во разговор во присуство на Центарот за социјална работа, момчето изјавило дека бил игнориран од страна на друштвото во кое се наоѓало, и дека низ својот општествен живот бил исклучен од комуникација и игри на одмор или екскурзија, и дека тоа го навело низ своите мисли и работи да го направи тоа“, изјави началникот на Полициската управа, Веселин Милиќ.

фото принтскрин

Тој потоа изјави дека со молотовите коктели што биле пронајдени во неговиот ранец сакал да направи некој вид на ѕид или бариера на влезот во училиштето, како полицијата не би можела да влезе и да пружи помош.

фото принтскрин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close