Кафе муабет
Турскиот заводник по кој лудуваат жените предизвика бура од коментари- еве зошто сите гледаа во неговото одело!
Измами воздишки...
Турскиот актер, заводникот Џан Јаман по кој буквално полудеа жените на Балканот, обожава да носи одела а неговото тело е предмет на фантазии на многу обожаватели ширум светот.
32-годишниот Џан светската слава ја стекна во турските серии, а корените ги има од поранешна Југославија.
Иако е роден во Истанбул, и Косово и Македонија се местата на неговите предци.
Дека згодниот Џан не само што е убав, туку и паметен а тоа го докажува фактот што во 2012 година завршил правен факултет и веднаш се вработил во оваа професија.
Средбата со актерството се случила кога пријател за време на неговиот одмор го наговорил да се пријави на аудиција за телевизиска серија. Ја добил улогата, а останатото е историја.
Актерот последниве години живее во Италија, а многу се пишуваше за неговата врска со спортската новинарка Дилета Леота.
Тие беа во врска неколку месеци, се изгледаше совршено, а потоа во јавноста излезе веста дека раскинаа во септември 2021 година.
-Со него приказната беше убава, сон, бајка, молња. Ние сме двајца 30-годишници кои се запознавме, се сакавме, живеевме во голема страст. Двајцата сме многу страсни, тој е можеби и повеќе од мене, а се беше многу брзо, многу убаво, изјави Дилета по паузата.
Сепак, многумина се сомневаа во сето тоа бидејќи за турскиот убавец се пишуваше дека всушност го привлекуваат мажи.
Веднаш по Дилета, папараците го виделе со Израелката Моран Атиас, а дел од јавноста смета дека врските на Џан со разголените убавици се параван и дека тој всушност сака мажи.
Џан Јаман беше гостин и еден од победниците на овогодинешниот филмски фестивал во Сардинија. Со појавувањето таму уште еднаш ја потврди титулата за најпосакуван турски актер.
Тешко беше да не се забележи згодниот Турчин. Светложолтиот костум што го носеше, го истакна неговото тело а на многумина им падна во очи тоа што Џан не носел кошула под оделото, туку го носел гол.
Некои негодуваа на овој необичен моден тренд, додека многу од неговите обожаватели веројатно претпочитаат да видат што поголем дел од неговото мускулесто тело.
Ова не е прв пат Џан да се појави во вакво издание и всушност е вистинска реткост да се види во костум со кошула.
Под јакната обично носи само машка долна маичка, а исто така изгледа дека избегнува вратоврски или машни, па редовно ги откопчува првите неколку копчиња на кошулите.