Кафе муабет

,,ТОЧАК ПОЧНАВ ДА ВОЗАМ НА 38, КАЈ ДА Е НА 50 ЌЕ ЗАПАЛАМ ПРВА ЦИГАРА’’ – Водителката Снеже Велков го прослави 41-виот роденден

Водителката Снеже Велков го прослави 41-виот роденден...

За неа може да се каже дека е сѐ во едно – мајка, водителка, пилатес инструкторка, која стигнува сѐ и успешна е во сѐ што прави

Фото:Инстаграм/Снеже Велков

Таа е доста активна на социјалните мрежи, каде освен фотографии објавува и мотивирачки пораки до сите, но и совети за одржување на одлична линија.

Фото:Инстаграм/Снеже Велков

Снеже Велков дефинитино може да се пофали со линија на која ќе позавидат и помладите девојки.

Фото:Инстаграм/Снеже Велков

Под мотото ,,Блескај’’ водителката секојдвневно инспирира и мотивира многу жени и девојки.

Снеже ја им задржана својата младоликост и изглед како на почетокот на кариерата. И тоа не е сосема случајно, тоа се должи на редовните тренинзи и здравиот начин на исхрана.

Фото:Инстаграм/Снеже Велков

Таа во брачните води со сопругот Дaрко плови од 2006 година, а плод на нивната љубов се двата сина Дарин и Ален.

Моментално ја гледаме на малите телевизиски екрани како автор и водител на емисијата Нешто Конкретно.

Фото:Инстаграм/Снеже Велков

Водителката дефинитивно не ги крие годините, па така неодамна таа објави дека го прослави 41-виот роденден.

 

Фото:Инстаграм/Снеже Велков

На Инстаграм објави неколку фотографии на кои позира со роденденска торта и свеќички.

Фото:Инстаграм/Снеже Велков

Водителката напиша дека е од онаа категорија на ,,никад није касно’’, бидејќи во подоцнежните години научила многу работи.

„Она што младите го минуваат многу парано, јас малку покасно го растев и развивав. Кафе почнав да пијам на 30 години, прв пат ставив прамени на 32, станав инструктор по пилатес на 33, точак интензивно почнав да возам на 38, јаже научив да скокам на 39, јога прв пат вежбам на 40, стој на раце направив прв пат на 40 и кусур исто и мост“,напиша Снеже под фотографиите.

Фото:Инстаграм/Снеже Велков

„Касно почнав да ги читам тоа мотивационите книги. За емисија за која мечтаев едно 20 години ја имам сега, на 40 и кусур, кај и да е на 50 треба да запалам прва цигара, а на 60 да пробам џоинт. На 70 најверојатно ќе треба да се пропијам, ако сум подвижна накај 75 планирам Ластик  да научам да играм, оти тапа бев ко мала, на 80 редно е месо да пројадам“, откри водителката за своите фанови.

Фото:Инстаграм/Снеже Велков

Среќен роденден Снеже.

Продолжи да блескаш!

Фото:Инстаграм/Снеже Велков

Фото:Инстаграм/Снеже Велков

Фото:Инстаграм/Снеже Велков

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close