Бременост
Топалко не може да ја сокрие радоста: Познатиот пејач ќе стане дедо- Хелена Топаловиќ во поодмината бременост
Пејачот ќе стане дедо...
Хелена Топаловиќ, ќерката на Милан Топаловиќ Топалок, наскоро ќе стане мајка a убавите вести се проширија вчера во медиумите.
Бебето пристигнува како круна на долгогодишната љубов со белградскиот бизнисмен Драган Алексиќ, со кој е во брак година и пол.
Тоа е негов втор брак, со оглед на тоа што претходно беше во брак со водителката Јелена Димитријевиќ, со која има син.
Според неофицијални извори, ќерката на Топалко е бремена во четврти или петти месец. Иако беше облечена во удобна облека, сепак не можеше да го сокрие своето бебенце.
Бремената Хелена Топаловиќ е видена во Раковица, на улицата каде што живеат нејзините родители додека се обидувала да ја сокрие својата бременост од медиумите.
Таа се уште се занимава со приватен бизнис, но малку забавила поради бременоста.
Нивните блиски пријатели и познаници се многу возбудени поради бременсота на наследничката на Топалко. Фолкерот не сакаше да зборува за внучето, а веста ниту ја потврди ниту ја демантираше, но радоста едвај ја сокри.
– Нема да кажам ништо, прашајте ја Хелена, иако таа инсистира дека не е јавна личност и нема да зборува за медиумите. Нормално не зборуваме за нашиот приватен живот, а кога ќе добијам внуче дефинитивно ќе бидам пресреќен, без разлика дали е момче или девојче – изјави Топалко.
Инаку Хелена Топаловиќ, убавата црнокоса која е ќерка на пејачот Милан Топаловиќ Топалко привлекува големо внимание во медиумите со својот привлечен изглед кој се коментираше во многу ситуации како фантастичен.
Неодамна нејзините фанови беа загрижени поради тоа што убавата старлета премногу ослабнала, па на неа останаа само силиконите.
Таа ја скрати нејзината долга црна коса по која беше препознатлива па сега е сосема друга Хелена.