Кафе муабет

Тања Савиќ ги изненади сите со оваа изјава: Нема да верувате што му порача на Саша Поповиќ

Тој е горд на неа...

Пејачката Тања Савиќ помина еден тежок период во животот откако нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ и ги одзема синовите и замина со нив во Австралија.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Според нејзините изјави Тања сега живее мирен живот со своите најмили, и конечно може да се каже дека е среќна.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Таа откри дека празниците ќе ги помине со синовите во Смедерево, а се осврна и на изјавата на Саша Поповиќ за нејзината кариера како и за нејзиниот емотивен статус.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Имено, пејачката се присети како ги поминувала празниците во детството и откри како сега ги поминува во својот дом.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

– Наскоро доаѓа Божиќ и сакаме да бидеме заедно на тој ден. Децата ја сакаат празничната атмосфера и незаменливото украсување на елката, па навистина ме израдуваа кога се вратив од патување пред неколку дена – рече Тања, а потоа се наврати на своето детство и како ги поминувала празниците со нејзината фамилија:

фото Инстаграм/Тања Савиќ

– Исто како и сега. Секако, со традиционална бадникова трпеза. Тоа се убави моменти кои остануваат врежани во меморијата.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Иако многумина ги интересира дали е сингл и со кого ги минува празниците пејачката вели дека нема момче на повидок, и дека празниците ќе ги помине со синовите и сестрата Биља.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

– Засега ништо ново на љубовен план – вели Тања, а на прашањето дали повторно ќе стапне на лудиот камен, со насмевка рече:

фото Инстаграм/Тања Савиќ

– Па, тоа сигурно нема да се случи наскоро, што не значи дека престанав да верувам во љубов.

Саша Поповиќ и понатаму тврди дека според него Тања Савиќ е пејачката во која најмногу верувал. Тој во секоја своја изјава истакнува дека можела да биде уште поголема ѕвезда, рамо до рамо со другите, а Тања се осврнала на неговото тврдење и коментирала во свој стил.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

– Знам дека претходно кажа дека имал најмногу надеж во мене. Од оваа дистанца, мислам дека сега е горд на мене, како што изјави во неколку наврати. Тоа ме импресионира со оглед на тоа дека тој е еден од најважните луѓе во мојата кариера – рече Тања.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Поповиќ во една прилика истакна дека не би можел да ја издвои најголемата „Ѕвезда на Гранд“ но ја издвои Тања Савиќ како една од најголемите имиња кои произлегоа од тоа музичко шоу:

фото инстаграм/Тања Савиќ

-Ги има многу, навистина, не би можел да кажам која е најголемата ѕвезда. Но, еве, Тања Савиќ од 2004 година и до ден денес ги полни клубовите и салите, има добри песни, албуми и е многу барана. Бане Мојичевиќ е врвен пејач, добар забавувач, работи фантастично, но она што му недостигаше беше класичен хит. Не знам дали сме ние криви, но кога ќе прашате за хит на Бане Мојиќевиќ, не можете да се сетите. Но, кога ќе ја споменеш Тања Савиќ, хитови има колку сакаш! Од „Тако млада“ до „Златник“, па и овие поновите… И Дарко Филиповиќ е од таа генерација, неговата песна „Она, она“ се пееше многу, сите го знаат кога ќе му се спомне името – рече директорот на „Гранд“.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close