Дом и семејство

Синот на Драгана Мирковиќ откри голема тајна: Нема да верувате што се случувало во семејството кога биле мали

Ги почитува своите корени...

Синот на познатата пејачка Драгана Мирковиќ, и ќерката Мануела до пред некое време беа непознати за јавноста.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Нивната мајка не сакаше да ги експонира јавно иако таа важи за една од најуспешните пејачки во Србија.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Но пред нешто повеќе од една година, синот на Драгана Мирковиќ отвори профил на „Инстаграм“, кој ги заинтригира медиумите и јавноста.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Згодниот наследник на пејачката кој се вика Марко, а се презива Бијелиќ, го искористил профилот за да промовира свои композиции, но набрзо, како што обично се случува, се „заразил“ со комуникација со своите следбеници и почнал да објавува и дел од приватноста.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

И покрај тоа што, како и неговата сестра Мануела Бијелиќ, домашната јавност многупати го напаѓаше и пишуваше невистини за него, Марко, за разлика од неа која го избриша профилот, реши да остане доследен, силен и да не дозволи шпекулациите да го уништат. Не само што не се откажа од социјалните мрежи, туку ги искористи за да се зближи со оние кои го сакаат и го следат.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Неодамна дури организираше и анкета, каде луѓето можеа да му постават какво било прашање, а се издвои едно од многуте интересни.

фото Инстаграм/Марко Бјелиќ

Имено, синот на Драгана Мирковиќ требало да одговори дали тој и неговата сестра течно го зборуваат српскиот јазик, на што тој одговорил со поставување на српското знаме покрај зборовите.

– Да, српскиот го научивме пред германскиот.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Синот на Драгана Мирковиќ е исклучително згоден, а пред се културен, воспитан и образован млад човек кој очигледно од родителите ја добил љубовта кон Србија, и не ги заборава своите корени.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Со оглед на тоа што ниту ќерката на пејачката, ниту нејзиниот син не се занимаваат со јавни работи, јавноста отсекогаш ја заинтригирала професијата на децата на познатата пејачка, која ужива во богатство.

фото инстаграм/Тони Бјелиќ

Таа воопшто не зборува за нивните планови во животот, сè до еден момент кога открила со кое хоби се занимава Марко.

фото инстаграм/Тони Бјелиќ

– Моите деца се најнормалните деца на светот, имаа нормално детство и беа одлични ученици. Марко студираше економско право, а интересно е што Мануела додека го завршувала средното образование работела на рецепција во „Рико“ – а тој детал го откри Драгана во емисијата „Прв ред“ и многумина биле пријатно изненадени од оваа изјава.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Пред две години, синот на Драгана присуствуваше на хуманитарен настан, автомобилска трка што се одржа на патеката Хокенхајм во Германија.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Сепак, пејачката додаде дека не би сакала Марко да стане професионален возач и дека се надева дека се ќе остане на ниво на хоби.


Синот на Драгана Мирковиќ, моментално е во емотивна врска со Анастасија во која како што се шушка во медиумите, многу се заљубил. Пејачката наводно е загрижена бидејќи Марко сака да се пресели.
Марко во Белград нашол девојка во која се заљубил и поради неа сака да го напушти домот, односно да се пресели од Австрија. Марко никогаш претходно не се разделил од семејството, па пејачката тука гледа причина за грижа.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

„Марко многу се заљуби. Со девојката бил прво на море во Хрватска, а потоа заедно заминале во Будва. Кога и испратил порака на Драгана дека нема да се враќа во Виена, таа доживеала голем шок. Марко и напишал дека ќе остане на море до крајот на август, а потоа ќе најде стан во Белград каде што ќе остане малку. Драгана се исплашила дека можеби нема да најде некое лошо друштво, а потоа синот и објаснил дека сето тоа е поради новата девојка со која многу добро се согласува. Тогаш и падна камен од срцето“, тврди извор за „Папарацо“ и додава:

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

„Драгана сè уште не ја запознала неговата девојка, па таа го замоли Марко што поскоро да ги види сите заедно, а тој и го ветил тоа. Деновиве би требало да се сретнат во Белград, а Драгана веќе дознала дека нејзината потенцијална снаа се вика Анастасија и дека е од добро семејство. И таа завршила факултет, исто како Марко, но сè уште не нашла работа. Треба да се разбере и Драгана, таа знае дека нејзиниот син е добра можност бидејќи потекнува од богато семејство и дека девојките го бркаат поради тоа, не само поради неговата убавина“, истакна изворот за „Папарацо“.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close