Кафе муабет
Синот на водителката Цеце славеше роденден – БОДАН НАПОЛНИ ДВЕ ГОДИНКИ
Синот на водителката Цеце славеше роденден...
Откако стана мајка македонската водителка буквално зрачи со убавина и позитива.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Оваа нејзина нова животна улога драстично ја промени, а судејќи според објавите на социјалните мрежи, Цеце Тодосовска ги живее најубавите моменти од својот живот.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Цеце долги години е дел од малите екрани, но јавноста посебно ја засака откако стана дел од еден од најдобрите телевизиски проекти некогаш во земјава, „Утринска на Телма”.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Цеце и нејзиниот сопруг Стојанче Тодосовски стапија во брак во 2018 година. На нивната свадбена церемонија присуствуваа сите членови од нивното семејство и пријателите, но и нејзините колеги од утринската емисија.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Тие направија необична и модерна свадбена веселба, за која нивните блиски изјавија дека долго ќе ја паметат.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Цеце и нејзиниот сопруг се родители на синчето Бодан.
Неодамна, синот на шармантната водителка, Бодан, го прослави својот втор роденден.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Бодан, со другарчињата, роденденот го прослави во парк.
Убавите вести ги сподели водителката, која на Инстаграм објави фотографии од забавата во парк.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Инаку, во интервју за Женски Магазин Цеце отворено и емотивно говореше за мајчинството.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
-Името Бодан беше заедничка одлука со сопругот Столе. Некако не освои “од прва”… Уште минатото лето сосема случајно го спомена еден наш пријател и некако почувствував дека тоа е тоа. Тој период сè уште не го знаевме полот, но знаевме дека ако биде машко ќе биде Бодан. Потоа се обидувавме да имаме уште некој друг предлог за име, ама ниту едно не ни се допаѓаше толку многу како ова. Така победи Бодан“, раскажа Цеце за тоа како го избрале убавото име за синот.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска