Новости
СЗО СЕ ОГЛАСИ- Еве дали потврдите за вакцинација ќе бидат задолжтелни за оние што сакаат да патуваат!
Документот препорачува доказ за вакцинација да не биде поставен како услов за влез во странска земја...
Комитетот за вонредни состојби на Светската здравствена организација денеска соопшти дека издал препорака до земјите-членки да не бараат сертификати за вакцинација за меѓународно патување.
Документот препорачува доказ за вакцинација да не биде поставен како услов за влез во странска земја, имајќи ги предвид недоволните докази за влијанието на вакцинацијата врз намалувањето на ширењето на коронавирусот и одржувањето на состојбата на нееднаква глобална дистрибуција на вакцините.
„Од земјите-членки се очекува да потврдат дека барањето докази за вакцинација потенцијално ќе ги продлабочи нееднаквостите и ќе промовира кршење на правото на слобода на движење“, се вели во соопштението.
Грција се подготвува за летото…
Пред извесно време министерот за туризам на Грција, Харис Теокарис и Татјана Матиќ, министер за трговија и туризам одлучуваа за годинешната туристичка сезона во земјата, одржаа состанок на кој беше договорено со потврда дека сте вакцинирани со каква било вакцина да можете да влезете во Грција.
Се разговараше и под кои услови децата ќе можат да влезат во Грција!
По средбата меѓу Татјана Матиќ и министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, беше објавено дека граѓаните на Србија ќе можат да одат во Грција кон средината на април, односно дека тогаш се очекува да се отворат границите.
Грчкиот министер на прес-конференција рече дека неговата земја ќе ги прифати сите вакцини, вклучувајќи ги кинеските и руските, иако се уште не се прифатени во ЕУ.
Кога станува збор за децата, Теохарис рече дека на децата до 10 години не им треба вакцина или тест за ПЦР, а на оние постари од 10 години им е потребен негативен тест.
Исто така, граѓаните на Србија ќе можат да влезат во Грција земја преку Македонија и Бугарија.
Ќе можат ли и Македонците да летуваат во Грција?
Границите со Грција се затворени од лани на 16 март поради ковид пандемијата. Филипче кажа дека има честа комуникација со грчкиот министер со здравство, а утрово разговарал со министерот за туризам, пренесува Лидер.мк.
– Во врска со мерките, ме извести дека планираат двете граници да ги отворат на 14 мај за граѓаните од Македонија во Дојран и Евзони. Но, ќе биде задолжително да се прикаже потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Тоа го земав како обврска, да видиме какви ќе бидат нашите сертификати за вакцинација со потребните кодови и листата на овластени лаборатории кои може да даваат ПЦР тест, изјави Филипче.