Врската помеѓу Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ започна интензивно, па пејачката многу време поминуваше со него во Шпанија.
На Инстаграм се појави и видео на кое Анастасија се смее и држи прскалка додека Гудељ силно ја гушка, поради што се чинe[e дека се е во ред меѓу познатата двојка.
Нивната љубовна приказна продолжи во Србија, кога Гудељ дојде да присуствува на роденденот на Анастасија Ражнатовиќ.
– Тоа беше одлично запознавање. Навистина не знам да ви дадам одговор на овие прашања. Немања синоќа направи еден гест и ми предизвика солзи во очите, но нема да зборувам за тоа. Не ја запроси јууу – раскажала Цеца за првиот впечаток кога го видела својот зет во пресрет на роденденот на нејзината заљубена ќерка.
И додека пристигнуваа гостите, конечно пристигна и најочекуваниот – Немања Гудељ.
Тој пристигна со луксузен автомобил, а на неговото лице јасно се гледаше гнев и нервоза.
Сепак, за се има оправдување, а најверојатно причината е огромниот тим на медиуми кои го опколија неговиот автомобил и не дозволуваа да помине.
Тој тогаш беше нервозен и излезе да телефонира, но на крајот излезе и позираше пред папараците.
Немања Гудељ покажа колку му значи Анастасија, па по повод нејзиниот роденден дојде во Белград а додека беше тука, го користеа секој момент да бидат заедно, ги посетуваа белградските ресторани, а секаде го возеше личниот шофер Рашко.
Гудељ му посвети дури и тетоважа на својот возач. Тој го истетовира неговото име на раката, а истото го направи и неговиот брат Драги Гудељ и очигледно тоа е големо семејно пријателство.
Сепак, колку и да им беше убаво заедно – Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се разделија бидејќи патот го повикува младиот фудбалер на сосема друга страна.
Иако не сакаше да ја остави својата поубава половина, Немања мораше да отпатува во Шведска за да одигра меч со српската репрезентација.
Разделбата беше тешка и за двајцата, но Анастасија од срце навиваше за своето момче чекајќи тој да се врати во нејзината прегратка.
Ќе ја запроси на Ибица?
Цеца Ражнатовиќ е воодушевена од тоа какво момче избрала нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ, но наводно ја советувала се уште да не се мажи „бидејќи е премлада“.
Младата пејачка толку се заљубила во фудбалерот што по само три месеци врска веќе е подготвена за брак.
– Таша постојано зборува за Немања! Многу се заљуби, верува дека тој е вистинскиот маж за неа. Таа често го посетува во Шпанија и е блиска со неговата сестра, брат и мајка. Дека Немања има сериозни намери покажа со тоа што во вторникот со целото семејство отиде да ја запознае Цеца! Таа заедничка вечера на семејството Ражнатовиќ и Гудељ помина одлично! Цеца дури и заплака кога Немања на својата девојка и подари уметничка слика, на која се таа и нејзиниот покоен татко Аркан – вели добро упатен извор за „Информер“ и додава дека многумина очекувале Немања таа вечер да ја запроси Анастасија:
– Се беше толку идилично што некои беа убедени дека Немања во одреден момент ќе клекне и ќе го извади прстенот. Сепак, тоа не се случи, но слушнав дека Гудељ планира да го направи тоа наскоро, можеби за неколку дена кога ќе отпатува со Анастасија на Ибица! Тоа луксузно патување е негов подарок за Анастасија за нејзиниот 24 роденден.
Анастасија исто така очекува дека Немања наскоро ќе ја запроси и за тоа разговарала со мајка и, но наишла на студен туш!
– Не е паметно да се омажиш толку млада! Немања е прекрасен, не можам да кажам ниту еден лош збор за него, но не брзај со бракот. Треба прво да изградиш кариера, а како ќе успееш ако живееш во Шпанија?! Имај ќерко твое парче леб а бракот нема да ти избега – открива изворот што и рекла Цеца на ќерка си.
Дека Ражнатовиќ не би сакала наскоро да има зет, потврди нејзината пријателка Марија Шерифовиќ која била на роденденската забава на Анастасија.
– Цеца не би сакала Анастасија да се мажи, ми кажа! Ми се чини дека Анастасија навистина би сакала да се омажи за Немања, но Цеца смета дека нејзината ќерка е уште млада за тоа – изјавила Марија.