Кафе муабет
Се огласи и поранешната на Дарко Лазиќ: Марина откри што се случило неколку часа пред да биде приведен!
Марина мислела дека има возачка дозвола...
Дарко Лазиќ е приведен поради брзо возење и голем број прекршоци, а Марина Гагиќ откри дека го видела неколку часа пред инцидентот.
По апсењето на Дарко Лазиќ поради низа сообраќајни прекршоци што ги направил и поради кои му е одреден притвор до 48 часа, се огласи и неговата поранешна свршеница Марина Гагиќ со која го има синот Алексеј.
Како и мајката на Дарко, Бранка, која призна дека е загрижена за своето дете и дека се нема слушнато со синот, така и Марина Гагиќ не знаела дека Дарко е приведен, но веста ја слушнала од медиумите.
Таа откри дека го видела Дарко само неколку часа пред да биде приведен, а со него бил и нивниот тригодишен син Алексеј.
„За апсењето дознав од медиумите. Последен пат го видов синоќа, го донесе Алексеј околу 22 часот и потоа продолжи, но немав поим каде оди“, рече Марина, на прашањето дали знае дека Дарко вози без возачка дозвола, таа рече:
„Тврдеше дека има возачка дозвола.
Раскина со Барбара!
Пејачот Дарко Лазиќ е уапсен пред два дена, а алкотестот и наркотестот покажале дека фолкерот возел автомобил под дејство на алкохол, но и кокаин.
Тој е казнет со 200.000 динари и една година забрана за управување со моторно возило, додека Барбара Бобак тогаш изјавила дека дефинитивно ставила точка на нивната врска.
Жителите на Брестач, каде што живее Дарко Лазиќ, велат дека пејачот се сомнева дека неговата поранешна девојка Барбара Бобак си нашла друго момче.
– Беа како рогови во вреќа. Се караа и се помируваа. Сепак, сега мислам дека дефинитивно е крајот. Слушнав дека Лазиќ се сомнева дека Барбара има друг и дека тоа е главната причина за колапсот на нивната врска – истакна соседот, кој инсистирал да остане анонимен.
Слично наведува и друг жител.
– Дарко секогаш не поздравува, фин е и културен. Тој работи во градината. Не му требаше ова. Велат жените го уништиле. Тешко е кога го носиш товарот на славата. Барбара не ја гледам веќе да доаѓа, а до неодамна доаѓаше постојано – заклучува сосетката за српски „Курир“.
Барбара, инаку, рекла дека не ја изненадила веста дека тестот покажал дека има дрога во крвта, и откри дека дефинитивно ставила крај на нивната врска.
-Разговаравме, му реков да ме извести кога нема да биде во станот за да дојдам да си ги земам останатите работи – рекла Барбара и открила дали подготовките за нивната венчавка биле нагло прекинати…
– Немаше подготовки за ништо, одамна ставив крај на сето тоа – остро изјави таа за „Ало“.
Запрашана дали била информирана дека Дарко користи кокаин и како реагирала кога дознала дека тој бил позитивен на тестот за дрога, Барбара рече:
– Никој не треба да го интересира дали сум била информирана или не. Реагирав неизненадувачки.