Брак

Сварете и кафе секое утро, кажувајте и колку е убава- совети од еден татко за сите идни татковци!

Тед Годнер со своето отворено писмо до сите мажи и татковци ги освои срцата на жените ширум светот.

 

foto ilustracija

Тој реши отворено да посочи што е тоа што и е потребно на една жена по породувањето и општо во секој ден од животот.

Посочува дека комплименти, убави зборови и внимание се клучни за нејзино добро расположение.

 

foto ilustracija

„Хормоните се луди, и пред и по породувањето, знајте дека не и е лесно да се справи со вишокот килограми и незадоволството. Ќе се случи таа да биде тажна, лута и понекогаш ќе ви каже нешто што не го мисли “. Имајте на ум дека вашата задача е да бидете нејзината поддршка, затоа треба да бидете храбри и љубезни кон неа.

„Таа ќе се врати во нормала и ќе ви биде благодарна за сè што направивте за неа“ започна тој.

 

Тед псоочува дека не постои рецепт за успешен брак. Во секој брак постојат расправии макар и за ситници, но кога ќе станете родители, сите тие проблеми се удвојуваат.

Така, Тед Годнер кој е татко на три деца реши да ги сподели своите искуства и совети со сите идни татковци и посочува дека негова цел е да ги потсети сите сопрузи да се потрудат да бидат подобри партнери и да ги поддржуваат своите жени.

foto ilustracija

 

„Сега имам 29 години и имам три деца со сопругата Франциска, која секоја бременост и грижа за децата ги издржуваше како професионалец. Еве што би му рекол јас на моето дваесет и четиригодишно јас во времето кога немав деца“, вели Тед.

Тед понатаму раскажа како неговата сопруга го носела своето дете во нејзината утроба девет месеци во секое време и на кое било место.

foto ilustracija

Не само што треба да и помогнете да се опорави, туку поминувајќи време со детето, ќе станете поприврзани за него отколку што можете да замислите. Жената дои и, иако е прекрасен и емотивен момент за неа, сепак може да биде исцрпувачки. Затоа, обидете се да и помогнете, да смените некоја пелена, да поминете време со децата. Ова не само што ќе го избегне незадоволството во врската, туку ќе имате и чувство на исполнетост и среќа. Всушност, кога пријателите на вашата сопруга ќе се пожалат дека нивните сопрузи се отсутни и не ги поддржуваат, вашата жена ќе ве пофали “, рече Тед.

Тед особено истакна дека е важно секој маж да и покаже благодарност на својата сопруга со едноставни гестови.

„Направете и кафе секое утро, дури и ако е ладно. Разберете дека вашата сопруга била будна цела ноќ кога го хранела детето, па помогнете и ’да го започне денот на најдобар можен начин“, изјави тој.

Тој изјави дека е важно да ја потсетиме нашата сопруга дека таа е буквално суперхерој.

 

foto ilustracija

„Кажете и дека е убава и помогнете и да ја види својата убавина во моменти кога ќе се чувствува несигурно во своето тело. Потсетете ја на моментите кога ги постигна сите свои цели. Потсетете ја дека таа е суперхерој. Таа се здебели 20 кг за да ви подари дете кое ќе ви биде подарок до крајот на животот. „Помогнете да ги преброди проблемите со нејзиното тело и да и покажете колку сте благодарни“, нагласи Тед.

На крајот, Тед изјави еден многу важен факт, а тоа е дека мажот секогаш треба да биде со својата сопруга.

Франциска исто така одговори на објавата на нејзиниот сопруг и сподели неколку совети.

foto Ilustracija

 

„Расправијата не мора да и наштети на врската, сè додека можете да научите од неа и да ја одржувате под контрола.

Секако, понекогаш работите можат да излезат од контрола, но најдоброто нешто што можете и двајцата да направите е да научите лекција од секоја ситуација затоа што ќе се трудите да биде подобро следниот пат.  Друга добра идеја е да разговарате за важни теми со вашиот партнер пред да започнете да живеете заедно. Тоа вклучува сè, од домашна работа до вашата визија за иднината “, рече таа.

Izvor: yumama/klix.ba

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close