Кафе муабет
Ретко ја покажува во јавноста: Ова е мајката на Северина- пејачката посвети емотивна порака( ФОТО)
За неа вели дека е нејзиното најбезбедно светилиште...
За пејачката Северина изминатиот период беше премногу стресен. Прво го изгуби старателството над детето а потоа и се разведе од фудбалерот Игор Којиќ со кој беше во брак шест години.
Имено таа ретко објавува фотографии од своето семејство но овој пат пејачката реши да открие пред јавноста кој е нејзина најголема поддршка и потпора во најтешките моменти.
Северина со емотивна порака сподели фотографија од својата мајка за која вели дека е нејзиното најбезбедно светилиште.
-Оваа прегратка ме направи човек, овие раце всадија топлина и нежност, нејзиното срце храброст, нејзината поддршка безбедност.. . нејзиниот став е достоинство. Мама е моето најбезбедно светилиште, стои во описот на фотографијата.
Севе има ново момче!
По шест години брак и развод од поранешниот фудбалер Игор Којиќ, пријателите на пејачката велат дека таа е повторно заљубена.
Наводно на пејачката и цветаат рози кога станува збор за љубовниот живот, а веќе на големо се зборува дека таа е во врска со продуцентот Филип Милетиќ.
Неодамна најблиските пријатели на Северина беа на ручек во моден ресторан во Загреб. Ја повикале и пејачката но таа но таа одбила. Пријателката на Севе потоа искоментирала: „Нашата пријателка повторно е многу заљубена“.
Севе и Милетиќ ја започнаа соработката пред десетина години, кога тој работеше на хитовите како „Бред Пит“, „Узбуна“, „Италијана“… Во секој случај, пејачката и продуцентот се неразделни по нејзиниот развод со Игор.
Инаку, Милетиќ деновиве го заклучи својот Инстаграм профил за јавноста, откако фановите почнаа да ја разгоруваат прказната дека меѓу него и пејачката има нешто повеќе од само пријателство и соработка.