Бременост
Рафаел Надал ќе стане татко: Парот го очекува првото дете- конечно му се оствари најголемата желба
Се уште не ја потврдиле веста...
Рафаел Надал и неговата сопруга Марија Франциска Перело го очекуваат своето прво дете.
Убавата вест за приновата ја откри магазинотHello! и објави фотографии од сопругата на тенисерот кои откриваат трудничкиот стомак.
Првите гласини дека парот очекува бебе се појавија откако Надал објави фотографија од јахта на која Марија Франциска е облечена во широка облека.
Надал, кој неодамна ја освои 22-рата Грен слем титула во Париз, има 36 години, додека неговата сопруга е три години помлада.
Двојката се венчаше на 19 октомври 2019 година.
Надал и Марија ја започнаа својата врска во 2005 година, иако пред тоа се познаваа неколку години.
Во јануари 2019 година, се свршија, а следниот октомври следеше свадба со 350 гости во прекрасниот замок Ла Форталеза на Мајорка.
Интересно е што и самиот Надал неколку пати истакна дека би сакал еден ден да стане татко.
Но, потоа нагласи дека можеби е најдобро да се чека вистинскиот момент, односно крајот на професионалната кариера.
Убавата бринета и понатаму е многу дискретна и ненаметлива, па и покрај тоа што е најголема поддршка на нејзиниот сопруг во секоја смисла, таа често не е физички присутна на трибините додека Надал игра некои од решавачките мечеви.
За потребите на биографијата на Надал „Рафа“, таа објасни зошто е тоа така.
„Му треба простор кога се натпреварува, а самата помисла да го чекам цел ден да го заврши она што треба и да шетам наоколу ме изморува. Тоа би ме задушило. Тој би морал да се грижи за мене… Ако го следам насекаде, мислам дека постои ризик да престанеме да се договараме“, рече таа.
Во истото интервју, Марија истакна и зошто толку се трудат да ја задржат врската само за себе:
„Дури и кога семејството ме прашува за него, јас не кажувам многу. Факт е дека едноставно не се чувствувам удобно да зборувам за мојот приватен живот. И тоа му се допаѓа на Рафаел. Не сакаме тоа да се промени“.
Надал не е повеќе зборлив од неа, а нивната врска само во неколку наврати ја коментираше одговарајќи на прашањето дали планира еден ден да стане татко.
„Би сакал да имам деца: момчиња, девојчиња… Сакам деца и сум семеен човек. Мислам дека децата треба да бидат над се. Затоа, не сум сигурен дека е идеално време да ги имам, додека постојано патувам. Тоа треба да го одреди мојот спортски живот“, истакна тој во 2017 година.