Кафе муабет
Рада Манојловиќ првпат за раскинувањето со 9 години помладиот Харис- ваква изјава никој не очекуваше!
Не откри дали се повторно заедно...
Пејачката Рада Манојловиќ конечно реши да проговори за насловите во медиумите дека раскинала со Харис Берковиќ.
Имено, Рада истакнува дека секогаш има насмевка на нејзиното лице без разлика што и се случува во животот и дека тоа е нејзин заштитен знак.
– Насмевката е секогаш на моето лице. Ме познавате добро. Што и да ми се случило во животот, насмевката била секогаш тука – вели пејачката и додава:
– Не би го коментирал тоа сега, ќе има време. За се ќе зборуваме нареден пат – заврши Рада.
Рада очигледно не сакаше пребрзо да коментила било што за раскинувањето и помирувањето, најверојатно бидејќи се уште врската со Харис е на стаклени нозе.
Харис пак пред неколку дена сподели фотографија со неа и така ги подгреа озборувањата дека и дале втора шанса на љубовта. Иако се пишуваше дека Харис наводно не можел да го поднесе влијанието на Милан Станковиќ над Рада, сепак изгледа решил да се бори за својата сакана.
Берковиќ и Манојловиќ наскоро ќе застанат заедно на сцената во еден клуб, каде имаат закажан настап.
Сепак, тие двајца се уште не се следат еден со друг на Инстаграм што веројатно е договор на двојката, така што во иднина нема сите лесно да дознаат кога следниот пат ќе се скараат.
Да потсетиме, во медиумите многу се шпекулираше за причината поради која Рада и Харис ставија точка на шестгодишната врска, а меѓу другото често се споменуваше и поврзаноста на Манојловиќ со пејачот Милан Станковиќ.
Наводно Харис сметаше дека тој има лошо влијание врз неговата сакана.
Според медиумите, по раскинувањето на шестгодишната врска со Харис, Рада наводно се вратила кај Милан.
– Иако раскина со Милан пред 10 години, Рада цело време беше блиска со него. Сè повеќе кавги и несогласувања со Харис ја наведувале да се запраша дали тој е вистинскиот маж за неа. Рада почна се почесто да разговара со Милан. Заедно почнаа да ги посетуваат манастирите и Рада сфати дека е многу помирна и посреќна со Милан бидејќи имаат ист поглед на иднината – вели извор за „Стар“ и додава:
– Таа сфати дека треба да го напушти Харис, кој стануваше се посебичен.
– Пред две недели заедно посетија црква во Белград каде разговараа со свештеникот кој им даде благослов. По нивното тајно помирување, Рада вистината им ја кажала само на својата сестра и нејзиниот татко. Нејзиниот татко беше многу среќен, секогаш велеше дека Милан е чесно момче и дека би сакал Рада да се омажи за него – вели изворот и додава:
-Харис никогаш не беше прифатен како иден зет. Не му се допадна тоа што одбил да дојде кај него во Четереже и што неговите родители постојано се мешале во нивната врска, како Рада да не е доволно добра за нив.
Рада реши да става силикони
Инаку пред неколку дена она што ги шокираше фановите во врска со Рада е тоа што наводно пејачката по долги години кариера решила да промени нешто кај себе.
Пејачката е видена како ја напушта клиниката каде по 14 години кариера ја договорила својата прва естетска корекција со естетски хирург. Рада реши да стави силикони и да ги зголеми градите.
– Адутот на Рада отсекогаш биле долгите нозе и добриот глас, а никогаш немала комплекс поради малите гради. Кога раскина со Харис, ми рече дека сака да промени нешто на себе. Мислев дека сака да ја смени фризурата, како и повеќето жени по раскинувањето, но ме изненади. Ми кажа дека има намера да стави силикони – открива блиска пријателка на Рада за „Информер“.
– Рада и нејзината сестра Маја пред неколку дена имаа консултации со пластичен хирург. Дефинитивно ќе вгради силикони, но нема да претера. Избрала „јаки тројки“, кои најверојатно ќе ги стави кон крајот на летото бидејќи дотогаш има закажани настапи кои не сака да ги откаже поради операција – вели соговорничката и додава дека фолк ѕвездата дури и разговарала со нејзиниот лекар за операција на носот:
-Рада се распрашуваше и за операција на носот, но на крајот се откажа. Таа рече дека нема доволно храброст за таа операција, иако ми призна дека и пречеле коментарите на колегите дека има голем нос. Дури и кога веќе решила да ги оперира градите, ја убедувам да го намали и носот, но не верувам дека ќе ме послуша.
Рада Манојловиќ никогаш не криела дека е подготвена да промени нешто ако не е задоволна:
– Ако нешто почне да ми виси и кога ќе видам дека нешто не е во ред со моето тело, ќе го поправам. Кога ќе остарам, можно е да се оперирам.