Новости

Поранешната Мисица на Југославија и богатиот арапски шеик чекаат четврто дете

Поранешната мисица откри и што мисли за „харемот“ на нејзиниот сопруг

Поранешната манекенка повеќе од десет години живее во Дубаи

Поранешната српска манекенка Јелена Бин Драи се прослави откако ја освои титулата „Мис на Југославија“.

Таа веќе 10 години живее во Дубаи каде се омажи за богатиот шеик Саид Бин Драи чие богатство се проценува на две милијарди долари.

Јелена во Дубаи ужива во семејниот живот со нивните три деца – десетгодишната ќерка Асја, година дена помладиот Хилал и Хамдан кој има седум години. Но како што пренесуваат српските медиуми, поранешната манекенка наскоро повторно ќе се оствари во улога на мајка.

Фото: Инстаграм/ Јелена бин Драи

Како што неодамна објави српскиот Стори, оваа 41 годишна и нејзиниот пет години постар сопруг ќе добијат уште едно дете.

Фото: Инстаграм/ Јелена бин Драи

Јелена заради бременоста потполно се исклучила од јавниот живот, сакајќи да се „изолира“ од стресот.

Фото: Инстаграм/ Јелена бин Драи

Во прилог на оваа вест која сопружниците се уште ја немаат јавно потврдено, зборува и фактот што при крај на минатата година Јелена преку Инстаграм ги извести своите пријатели дека се откажува од социјалните мрежи – и тоа на година дена. „Како и 2017, една година ќе се тргнам од социјалните мрежи. Да ми бидете здрави, среќни и ќе се видиме за една година“, напиша таа.

Фото: Инстаграм/ Јелена бин Драи

Инаку, бидејќи е омажена за шеик, таа често се сретнува со стереотипи и навреди како оние дека е кутра девојка затворена во харем.

Фото: Инстаграм/ Јелена бин Драи

Таа на ва минатата година отворено зборуваше за српскиот Телеграф, каде себеси се нарече „повaмпиpeна Хурем“.

Фото: Инстаграм/ Јелена бин Драи

„Да бидам искрена, ако фрлав камен на секое куче што лаеше ма мене, немаше далеку да стигнам“, изјави тогаш Јелена.

Фото: Инстаграм/ Јелена бин Драи

Поранешната мисица денес е успешна бизнисменка, а во врска со коментарите дека живее како во харем вели:

„Секако дека живеам во харем. Јас сум повампиpeна Хурем. Мојот сопруг Сулејман Величествениот, тоа веќе го знаете, за среќа има уште 147 жени, па за време на оваа пандемија не мора да го трпам и да го гледам секој ден“, се пошегува тогаш Јелена и откри како изгледа нејзиниот живот во Дубаи.

Фото: Инстаграм/ Јелена бин Драи

„Но кога не се занимавам со сопругите на султанот и кога имам еден или два часа слободно, тогаш го водам здравствениот сектор, „IT-Tech start up“ секторот, градинката и уште по некоја фирма. Понекогаш се занимавам и со децата, само за да запомнат која е нивната мајка. Тренирам, а навечер шетам на плажата, но секако само кога ми ја отклучат портата на мојот златен кафез“, се шегува поранешната манекенка.

Фото: Инстаграм/ Јелена бин Драи

Тие вели дека успехот е единственото нешто што луѓето никогаш не го простуваат, па призна дека смета дека тоа е и главната причина за ваквите напади.

Деловните обврски не и дозволуваат да патува многу, но доаѓа на Балканот и го посетува своето семејство во Србија барем еднаш годишно. Бидејќи многумина коментираа дека не може да јаде пача и дека копнее по свињски уши, Јелена имаше одговор и за тоа. „Доаѓам во Србија кога ќе ми дозволат обврските околу палатата и кога копнеам по свински уши и опашки, само се надевам дека ова нема Султанот да го прочита“, се пошегува Јелена на своја сметка.

Фото: Инстаграм/ Јелена Бин Драи

Инаку Јелена сега работи и како моден дизајнер и е успешна жена во бизнисот која веќе долги години живее во Емиратите. Таа е светска убавица со потекло од едно мало место во Војводина.

Фото: Инстаграм/ Јелена Бин Драи

И покрај раскошниот живот што сега го живее како во бајките, далеку од Балканот, животот во својата родна земја и детството никогаш нема да го заборави.

Фото: Инстаграм/ Јелена Бин Драи

Отсекогаш истакнувала дека животот во Емиратите воопшто не се разликува од оној во земјите од Балканот. Иако кога ќе помислите на Емиратите, најпрво ви доаѓаат егзотични слики, Јелена истакна дека таа, нејзиниот сопруг и нивните три деца живеат во складен, мирен и повлечен живот, како и многу семејства кај нас.

Фото: Инстаграм/ Јелена Бин Драи

Таа пред камерите на „Блиц“, пред нешто повеќе од 2 години, истакна дека секогаш и е убаво кога се враќа во своето родно место и дека најмногу и недостасува детството што го имала таму. Таа секогаш радо се враќа, само овој пат со своите деца, на оние места на кои се играла како мала.

Фото: Инстаграм/ Јелена Бин Драи

Еве како таа го опишува тоа:

„Ми недостасуваат моите родители. Тие доаѓаат два-три пати во годината. присутни се. Брат ми живее во Дубаи, со сопругата и ќерката така што тие не ми недостигаат. Работиме заедно, бидејќи на сите канцелариите ни се во истата зграда“, изјави Јелена тогаш за „Блиц ТВ“.

Фото: Инстаграм/ Јелена Бин Драи

„Многу сум поврзана за своето детство и на начинот на кој пораснав. Када и да сум, дали во Дубаи или во некоја друга држава, тоа би ми недостасувало најмногу. Ми недостига детството, но тоа не можам да го вратам. Кога ќе дојдам во моето родно место се чувствувам најубаво кога ќе се вратам на местата на кои сум се играла како и на некои стари навики. Никако не се обидувам да го применам мојот сегашен стил на живот во мојата куќа во Жабаљ.“

Фото: Инстаграм/ Јелена Бин Драи

„Кога ќе дојдам во Жабаљ се уште сакам да јадам од мојата мала стара чинија. Сакам на мушама да сечам сланина и да јадам џимиринки. Тоа е земјата на која јас секој пат и се враќам“, раскажува поранешната манекенка.

Фото: Инстаграм/ Јелена Бин Драи

Таа денес е сопственичка на ланец козметички салони со симболично име „Ванила и чоколада“.

Фото: Инстаграм/ Јелена Бин Драи

Нејзиниот успех во деловниот свет е крунисан со прогласување за деловна жена на годината за Средниот исток во 2013.

Фото: Инстаграм/ Јелена Бин Драи

Покрај тоа се занимава и со дизајнирање, а од нејзините колекции се воодушевени во модните кругови.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close