Кафе муабет
Помладиот брат на Јоксимовиќ „pacпали” по медиумите: Не сум изјавил дека се откажувам од мојот брат!
Не ја прекинувам соработката со медиумите, раскинувам со поединци и никогаш не се откажувам, особено од мојот роден брат...
Саша Јоксимовиќ, братот на еден од најпознатите музички ѕвезди во регионот, Жељко Јоксимовиќ е реализиран и успешен актер и кој досега има одлична комуникација со медиумите реши да се огласи по сите озборувања дека во текот на вчерашниот ден испратил порака до еден белградски портал во која бара да не му се обраќаат како брат на Жељко Јоксимовиќ.
Ова негово барање очигледно беше погрешно протолкувано, бидејќи се испостави дека Саша сака да се одрече од својот брат.
По тој повод Саша даде изјава за порталот Србија Данас во која рече:
– Морам да ви признаам дека сум длабоко разочаран од тоа што некој помислил и напишал дека сака да се откаже од својот брат и сакам да престанам да соработувам со медиумите. Не ја прекинувам соработката со медиумите, раскинувам со поединци и никогаш не се откажувам, особено од мојот роден брат. Само не сакам луѓето повеќе да ми се обраќаат како негов брат, не затоа што се одрекувам од него или се срамам од тоа, туку мислам дека сум постигнал доволно во животот и кариерата, да знаат кој е Саша Јоксимовиќ. За мене е неверојатна помислата дека некои луѓе мислеа дека сакам да се откажам од брат ми. Го објаснив моето размислување и се надевам дека луѓето ќе го почитуваат тоа во иднина, бидејќи од почетокот на мојата кариера бев некој кој имав одлична соработка и медиумска поддршка – ни изјави Саша.
На прашањето во каков однос е со неговиот брат, Јоксимовиќ рече:
– Во одлично. Ние двајца никогаш не сме биле во лоши односи и секогаш сме се поддржувале. Нашето семејство отсекогаш било свето. Така не учеа и воспитаа – призна Саша.
За потсетување, Саша Јоксимовиќ, е во брак со продуцентката Невена Јоксимовиќ со која го има синот Илија.
Саша и Невена се во љубов веќе 20 години а започнаа да се забавуваат уште за време на средното училиште.
Во една прилика Саша за магазинот Glory.rs призна дека денес тешко би нашол партнерка како неа и кога би бил слободен, но и дека со својата сопруга имаат договор на секои 10 години да прават свадба.
„И кога би бил слободен човек, не знам дали би се снашол да најдам девојка. Невена и јас сме генерација кога се уште се веруваше во љубов и немаше силикони, старлети и ријалити, како ни Фејсбук ни Инстаграм. Се свршивме во лето, и беше толку убаво што се договоривме на секои десет години да правиме свадба“ изјави тој.
Невена во заедничкото интервју истакна дека во љубовта е најважна почитта меѓу партнерите.
„Без него не можете ни кафе да испиете. Но важно е и тоа да ви биде интересно со вашиот партнер. Саша и јас можеме дваесет дена да бидеме затворени некаде заедно и повторно нема да ни биде досадно“, раскажува таа.
Инаку, Невена покрај продукција има завршено и Филолошки факултет, каде студирала на отсек германски јазик. Многумина ја фалат бидејќи секогаш е дотерана и е вистински пример како денешна жена може да биде посветена мајка, сопруга за пример, а воедно и успешна деловна жена.
Саша и Невена со години живееа вистинска љубовна бајка која ја негуваат.
Невена во една прилика раскажа како нејзините родители го запознале зетот.
– Прв пат го видоа на фотографија. Имав 17 години, тој во тоа време веќе студираше во Белград, требаше да одам кај него но моите рекоа „не може“. И тогаш мајка ми ме праша дали имам слика од него, и ’го покажав и ми рече „ Добро “. Таа беше сликарка, па можеше да препознае сè по сликата – рече Невена во емисијата „Магазин ин“.
Инаку, Саша во една прилика истакна дека тој е и “луд и заљубен” во својата сопруга.
– Јас сум луд и истовремено заљубен, во мојата сопруга. Дали е тоа можно? Да бидам и луд и заљубен – напиша Саша.