Кафе муабет
Плачела и го молела да се разведе, тој и ветувал дека ќе ја остави Данијела: Излезе на виделина вистината за врската на Огњен Амиџиќ и дваесет години помладата колешка
Тие живеат заедно...
Веќе со денови на големо се пишува за врската на Огњен Амиџиќ и неговата нова девојка, колешката Мина Наумовиќ.
Тој неодамна ја призна врската со Мина Наумовиќ, која е речиси дваесет години помлада, а сега извор кој сакаше да остане анонимен тврди дека аферата започнала за време на неговиот брак со Данијела Димитровска.
Изворот откри детали за врската на Огњен и Мина кои јавноста не ги знаеше.
‒ Мина беше во тешка депресија, плачеше поради афера со постар маж, и зборуваше дека ја привлекувале постари мажи – изјавил извор за за порталот BSC Happy.
Наводно, Мина Наумовиќ ја добила работата токму поради аферата со Огњен.
‒ Таа рече дека тој има син, и дека и ветува дека ќе ја остави сопругата. Нивната врска не започна професионално, но Мина се обиде да се пробие во медиумите, најпрвин на порталите, но не и успеа, па Огњен ја стави да работи со него – продолжува изворот.
На големо се шушка дека всушност врската меѓу убавата Мина Наумовиќ и Огњен Амиџиќ била капката која ја прели чашата за Данијела Димитровска бидејќи трае многу подолго отколку што признава новопечениот пар.
‒ Кога слушнав од неа приказни за еден постар маж, за кој таа тврдеше дека никогаш не може да го именува бидејќи тоа ќе го загрози, Огњен сè уште беше во брак со Даниела и не се зборуваше за развод, барем не во тој момент. Сите тие нејзини приказни и плачење по него сигурно се случиле половина година пред неговиот развод, а може и многу подолго од тоа бидејќи ги слушав сите нејзини приказни минатото лето – истакнал изворот за порталот BSC Happy.