Кафе муабет
Пејачот Александар Темелков успешно ја заврши својата прва турнеја – ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ГО ПРЕЧЕКАА ВО КАНАДА
Успешно ја заврши првата светска турнеја....
Публиката го засака Александар Темелков од Велес со неговите настапи во музичкото шоу Ѕвездите на Гранд.

Фото/Принтскрин
Младиот велешанец се најде во центарот на вниманието кога театрално, пред камерите, ја напушти емисијата „Ѕвездите на Гранд“.

Фото/Принтскрин
Тој тогаш се разочара што не доби ниту еден глас од жирито, па без да се поздрави ја напушти сцената.

Фото/Принтскрин
Но животот оди понатаму, а шоуто мора да продолжи. Тој е решен да успее и не се откажува од својата кариера.
А неговите успеси допрва доаѓаат.

Фото/Принтскрин
Тој освен Македонија веќе успешно ги освојува и светските дестинации.
Има свои песни и со многу труд и работа го дарува својот глас на публиката која го обожава.

Фото/Принтскрин
За Новогодишните и Божиќните празници Темелков беше во Канада на својата прва музичка турнеја.

Фото:Фејсбук/Александар Темелков
Според видеата и фотографиите кои постојано ги споделува на неговите социјали медиуми пејачот пеел во Торонто и е презадоволен од настапите.

Фото:Фејсбук/Александар Темелков
Таму остварил голем број познанства а и доста шетал.
Ги посетил водопадите на Нијагра, огромниот аквариум ,,Рипли’’ и други туристички дестинации.
Фото:Фејсбук/Александар Темелков
,,Ова е моја прва турнеја во Торонто во Канада. Бев поканет од Управата на Црквата Свети Климент Охридски од Торонто, на чело со претседателот Владе Димитриевски.

Фото:Фејсбук/Александар Темелков
За Нова Година и Божиќ настапив во Црквата со групата ,,Балкан ентертејмент’’. Задоволен сум од тоа како поминаа сите свирки’’ – изјави за Репортер Темелков.

Фото:Фејсбук/Александар Темелков
Тој откри дека наскоро планира да го објави и првиот албум, а веќе работи на снимање на песни за вториот албум.
Александар – само напред!

Фото/Принтскрин