Новости

ОТКРИЕНО ПОРЕМЕТУВАЊЕ ОД КОВИД-19 КОЕ ИТНО МОРА ДА СЕ ИСТРАЖИ: Се јавува кај еден од пет заболени!

Коронавирусот станува застрашувачки

Многу луѓе кои заболуваат со Ковид-19 се изложени на поголем ризик од развој на ментално нарушување, истакнаа психијатрите по големото истражување направено од Универзитетот Оксфорд во Велика Британија со кое било откриено дека 20 проценти од заразените со коронавирус развиваат симптоми на психичко нарушување во рок од 90 дена.

 

 

Психијатрите предупредуваат дека здравствените служби мора да бидат подготвени да обезбедат нега, за ваквите пациенти.

 

Foto: shutterstock

 

Анксиозноста, депресијата и несоницата се најчестите ментални нарушувања кај пациенти кои се опоравиле од Ковид-19, а исто така било откриено дека постои значително поголем ризик од деменција кај луѓето кои го надминуваат вирусот.

 

 

„Постои загриженост дека луѓето со Ковид-19 ќе бидат изложени на поголем ризик од нарушувања на менталното здравје и нашите откритија покажуваат дека тоа веројатно е вистина “, рече Пол Харисон, професор по психијатрија на Оксфорд.

 

 

Лекарите и научниците ширум светот итно треба да ги испитаат причините и да дефинираат нови третмани за ментални нарушувања по закрепнувањето од Ковид-19, вели Харисон, додавајќи дека  здравствените услуги мора да бидат подготвени да обезбедат соодветна грижа, особено имајќи предвид дека е можно нашите резултати да се потценети.

 

 

Во рок од три месеци по позитивниот тест за коронавирус, 20 проценти од луѓето доживеале симптоми како што се анксиозност, депресија и несоница.

Студијата исто така открила дека луѓето кои веќе страдале од ментални нарушувања имаат 65 проценти поголема веројатност да заболат од Ковид-19 отколку луѓето кои не страдаат од ментални нарушувања.

 

 

Експертите за ментално здравје, кои не беа вклучени во студијата, велат дека откритијата обезбедуваат дополнителни докази дека Ковид-19 може да влијае на мозокот и умот, зголемувајќи го ризикот од голем број психијатриски заболувања.

Пациентите кои прележале корона треба да бидат внимателни- грипот е голема опасност

 

 

Лекарите предупредуваат дека есента е периодот на сезонски грип, па поради тоа оние кои успешно ја прележале короната, треба особено да бидат внимателни.

Поради ослабениот имунитет, голема е веројатноста дека оние кои имале Ковид-19 многу полесно ќе се разболат од сезонски грип или други инфекции.

 

 

Лекарите ги предупредуваат пациентите со послаб имунитет, посебно оние заразени од корона, дека може да им се случи тешка клиничка слика, и затоа препораката до нив е да се вакцинираат против грип, за да избегнат потешки последици.

 

Совети од лекари за подигнување на имунитетот и заштита од вируси

 

– разновидна и здрава исхрана

– физичка активност

– одмарање

– физичка дистанца

– носење маски

– често миење на раце

– проветрување на просториите

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close