Кафе муабет
Откриена голема тајна за замокот во кој живее пејачката Јана Тодоровиќ: Местото крие морничава приказна
Свекорт решил да се повлече во Белград...
Не е тајна дека фолк пејачката Јана Тодоровиќ живее во луксуз а за сето тоа се погрижил нејзиниот свекор Свето кој на пошироката јавност и е познат како човекот кој купил цел кат во Белград и за тоа задоволство искеширал неверојатни 15.000.000 евра.
Покрај овие станови во рамките на луксузниот комплекс Белград на вода, семејството Тодоровиќ поседува и замок во Постбауер-Хенг, во близина на Нирнберг во Германија.
Но, сега во јавноста почна да се шпекулира дека имотот на кој е изграден замокот во Нирнберг, често сè случуваат разни бизарни сообраќајни несреќи па сведоци кои останале анонимни за српските медиуми тврдат дека местото и не е така магично како што изгледа а за тоа бил свесен и самиот Свето.
– Во непосредна близина на имотот во кој живеат Тодоровиќи често се случуваат разни бизарни сообраќајни несреќи, а нашинците секогаш кога е можно го избегнуваат тој дел од Постбауер-Хенг. Луѓето кои со години живеат таму веруваат дека имотот на свекорот на Јана бил изграден на опседната земја. Велат дека е лошо за градба и дека целиот дел носи некоја негативна енергија поради што се случува сето ова. Свето до неодамна не обрнуваше внимание на тие приказни, но кога поврза некои работи не му беше мило. Затоа одлучил, секогаш кога му дозволуваат деловните обврски, да престојува во некој од неговите станови во Белград на вода. Не размислува за продажба на замокот, но затоа во иднина ќе поминува малку помалку време во него од претходно – заклучува изворот.
Да потсетиме, како што претходно објави српскиот Курир, величествената зграда Свето Тодоровиќ ја купил пред осум години и се простира на имот од дури 16 хектари.
Веднаш до замокот има езеро, живеалиште, голем парк и посебен простор за животни. Замокот се вика Каго Тодоровиќ и е изграден во барокен стил со примеси на ренесансата, а има и неколку кули кои му даваат посебен шарм.
Свето живее во Минхен и Белград и има империја. Неговите вили, паркинзи, плакари со облека и чевли личат на трговски центри бидејќи неговата покојна сопруга Берина, родум од Сарај, посебно се грижела за неговата облека.
Јана никогаш јавно не зборува за тоа колку е богато семејството на нејзиниот сопруг. Таа дури и снимила спот за една од нејзините песни во замокот, но открила дека тоа е семејна зграда.
– Тоа никогаш не би го истакнала, но кога веќе дознавте, тоа е замокот на мојот свекор Свето, кого многу го ценам и почитувам. Ние сме големо семејство и тој е успешен и почитуван човек. Отсекогаш сум живеела скромно и во тој дух го воспитувам и моето дете – изјави во една прилика пејачката за Курир.
Она што е добро познато е дека Јана е во брак повеќе од две децении, а со сопругот Иван има ќерка.
Тие важат за еден од најскладните парови на шоу естрадата, а парот се запознал кога Иван имал 21 година.
„Не бев за албум, сакав да бидам со него, да имам деца, а тој ми рече: „Не. Ќе го снимиш албумот“. Можеби неговите не беа за тоа на почетокот. Плачев кога ме запроси, моите видоа дека е тоа-тоа, кршеа се околу куќа, имаше веселба. Свадбата беше многу подоцна, таа хартија не значи ништо, толку години сме тука каде што сме“, изјави Јана во емисијата „Сценирање“ на телевизија Курир.
-Мое најголемо богатство е ќерка ми. Се друго… Тој замок што го имаме е во сопственост на свекор ми. Ние сме големо семејство и тој е успешен и почитуван човек. Отсекогаш живеев скромно и во тој дух го воспитувам и моето дете“, истакна таа.
„Иван и јас се запознавме во Косово, каде што живеев и пеев. Тој дојде да ме слушне затоа што му требаше музика и, се разбира, пејачка за ресторанот што го отвораше во Минхен. Штом ме слушна на првите неколку тактови реагираше на првата песна. По два часа се приближи и рече: „Ќе бидеш моја или ничија“ призна Јана во емисијата „Магазин ИН“.