Дом и семејство
Оние кои имаат постара сестра се вистински среќници: Еве зошто постарите сестри се закон!
Постарата сестра е благослов
Што е поубаво, да се биде постара или помлада сестра? Секако секој има свој одговор за ова прашање, но сепак оние кои имаат постара сестра сигурно знаат зошто е убаво да ја имате во животот.
Во продолжение прочитајте 10 факти зошто е добро да имате постара сестра:
1. Таа е секогаш чекор пред вас
Бидејќи е постара знае што е она што ги лути родителите или како ќе реагираат во одредена ситуација. На неа може да се потпрете за било што, а особено кога сте во неволја.
2. Секогаш нејзината облека е поубава од вашата.
Да ова најчесто го мислат помалите сестри, и речиси секогаш пребаруваат во плакарот на постарата сестра, и ги носат нејзините омилени работи, бидејќи мислат дека тие се кул и модерни. Потребно е долго време да ја убедите да ви ја позајми вашата омилена маица или здолниште, но на крајот сепак се согласува на тоа бидејќи не може да одбие ниту едно од вашите барања.
3. Постарата сестра секогаш ќе ви ја каже вистината
Кога никој друг не сака да ви ја каже вистината, постарата сестра е секогаш таму за да ви каже сè искрено без да ви прави лице затоа што таа едноставно не знае поинаку.
4. Таа секогаш ќе биде ваш пример
Таа пред вас искуси многу грешки што ги правиме растејќи, и сè што треба да направите е да учите од нејзините искуства.
5. Таа е вашиот билет за излегување
Колку пати ви се случило родителите да ви речат, да може да излезете но само со сестра си. Скептичните родители дозволуваат вечерни излегувања и одење на првите концерти само ако постарата сестра е со помладата.
6. Знае како да ве доведе во ред
Сите понекогаш драматизираме без причина. И додека нашите пријатели главно ќе ја трпат нашата жолта минута без приговор, постарата сестра нема да ја „трпи“. Таа ќе нè среди со неколку едукативни реченици во сестрински стил.
7. Таа никогаш не осудува
Секако дека таа не секогаш се согласува со вас, но ги почитува вашите избори и одлуки и никогаш не ве осудува.
8. Постарата сестра секогаш е на ваша страна
Без оглед на сите сестрински расправии во моменти кога ви е потребна нејзината поддршка, таа безрезервно стои покрај вас, како што знаат само сестрите.
9. Само таа знае како да ве расположи во секунда.
Таа е со вас уште од првиот ден, ве гледаше како растете и добро знае што ве растажува и што може веднаш да ви ја врати насмевката на лицето. Понекогаш се чини дека има телепатски способности затоа што во вистински момент знае да ја каже вистинската работа и да ве расположи во секунда.
10. Без неа не можете да ги поднесете семејните собири
Заедно нема да ви е досадно, се клоцате под масата кога некој член на семејството по стоти пат ќе ја каже истата (не) забавна анегдота, вие скокате да помогнете кога треба да одговорите на класични прашања во врска со бракот и децата.
Извор: Zadovoljna.hr