Кафе муабет
Овој фраеф е новото момче на Тања Савиќ- пејачката заљубена до уши, не ја крие љубовта
Конечно е среќна...
Во медиумите на големо се шпекулира дека Тања Савиќ наводно веќе три месеци е во врска со бизнисмен од Смедерево.
Наводно станува збор за разведен маж кој има ќерка тинејџерка со која ја запознал пејачката, што само покажува дека неговите намери со пејачката се сериозни.
„Тања не сака да зборува за своето момче и општо за нејзиниот љубовен живот. Пред три месеци започна врска со бизнисмен од Смедерево, кого пријателите го нарекуваат Лола. Тој се разведе пред една година, има ќерка тинејџерка , а неодамна ја запозна Тања со неа. Многу е внимателен кон неа.Се запозна и со семејството на Тања кои се воодушевени од него. Има 40 години, не е лигав, навистина се заљубил во Тања и сака да изгради нешто сериозно со неа. Двајцата се познаваат повеќе од десет години, но никогаш немале никаков интимен контакт. Кога ќе се сретнеле се поздравувале и така било до пред три месеци“, вели изворот.
“Тој и Тања се запознале на роденденска забава на заедничка пријателка и цела ноќ ја поминале разговарајќи. Размениле броеви и тој презел акција. После една недела ја однел Тања на вечера и почнале врска. Многу и значи тоа што во Љубовта конечно е среќна, бидејќи после сета агонија со Душан, а потоа и со Драшко Станивуковиќ, таа сега е мирна и спокојна. Синовите се постојано со Тања, па многу време поминуваат со Лола кого обожаваат. Засега, Колку што знам, Тања и тој не живеат заедно, но не би бил изненаден ако наскоро почнат да живеат заедно. Има сериозна работа и не сака да се изложува во медиумите“, заклучува близок извор на пејачката.
Таа неодамна се појави на еден настан во Белград и конечно проговори за врската со поранешниот сопруг Душан.
Максим и Ѓорѓе редовно разговараат со Јованчевиќ, а како што вели и таа би сакала да биде во контакт со него, но тој упорно одбива.
Како што рекла Тања во таа прилика, се случила ситуација кога училиштето во кое одат децата и побарале извод од матичната книга на родените, што таа го побарала од Душан, но и тогаш не добила одговор од него.
– Нека стиска заби и нека дојде, сето тоа е дел од животот – додаде таа.
– После сите мачни години и се низ што поминав, мислам дека конечно заслужувам да го живеам животот во потполност. Одвнатре сум исполнета, но не би открила за кого се работи – изјави пејачката за „24седум“ и со тоа потврди дека во нејзиниот живот има некој кој и ја врати вербата во љубовта и ја прави среќна а тоа може да се забележи и по тоа што пејачката изгледа поубаво од било кога.