Кафе муабет

Ова се случува на секои 13 години: Од 12 ноември подгответе се за промени- внимавајте да не погрешите!

Бидете подготвени за промени

Ноември е месецот за нови надежи, и успеси. Сега имате можност, повеќе од кога било да постигнете сè што сакате, но треба да се прашате дали сте подготвени за тоа?

foto kolomna-news.ru

Спојот на Јупитер и Плутон се случува на секои 13 години, а во 2020 година бевме сведоци на три такви феномени, а последниот не чека на 12 ноември 2020 година.

Ова треба да биде време на големи достигнувања и успеси што ве прават среќни и задоволни и во иднина.

 

Foto: Freepik/freepik

Поврзувањето на Јупитер-Плутон најмногу влијае врз потребата да бидеме прифатени и препознаени. На овој ден ќе посакате моќ и влијание, ќе создадете амбициозни планови за успех на повеќе нивоа. Големите амбиции ве прават да бидете решени и истрајни, но и немилосрдни.

Падовите и неуспесите не можат да ве одвлечат од вашата цел, бидејќи во секој предизвик гледате можност да се подобрите и уште еднаш да покажете колку сте способни. Постојан развој и прилагодување се вашиот пат кон просперитет.

Foto: Freepik/freepik

Успехот и натпреварувачкиот дух се одлични , но само ако сме подготвени на духовно ниво, бидејќи тогаш егото се зголемува и може да се случи лош пресврт.

Бидете горди на вашиот успех, но не губете го чувството за другите луѓе и нивните потреби. Не се откажувајте од приватниот живот толку лесно, бидејќи само вистински пријатели, отворена врска со партнерот и среќен дом се работи што можат да ви донесат вистинска среќа и надеж за понатамошен развој.

Јупитер заедно со Плутон ќе донесат надеж за поголеми цели, но важно е самите да ги распределите приоритетите. Успех во бизнисот,  патувања, напредување во кариерата – ова се само некои од можностите што ги отвора овој транзит.

Обидете се да не подпаднете  на негативните мисли, не станувајте себични и егоцентрични. Појдете на јасен пат до успехот и користете само морални средства. Инаку, лошата карма наскоро ќе ви се врати како бумеранг.

Не заборавајте на духовните вредности.

Извор.Ало.рс

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close