Бебе

Како да го изберете полот на вашето бебе

Ова е еден од најпопуларните методи за природно зачнување на машко или женско

Уште во 60-тите години, д-р Шетлс го предложил методот за селектирање на полот за кој тврдел дека има научни докази.

Токму тој метод го објавил во својата книга „Како да го изберете полот на вашето бебе“ и оттогаш стекнал огромна популарност.

Како да зачнете машко?

Сексуален однос за време и по овулацијата. Според методот на Шетлс, парот кој сака да добие машко треба да практикува заштитен сексуален однос до 4 дена пред овулацијата. Потоа, четирите дена до овулацијата да апстинира, а на денот на овулацијата да практикува незаштитен сексуален однос.

Тогаш жената е најплодна, а бидејќи машките сперматозоиди се побрзи од женските, поголема е веројатноста јајце-клетката да биде оплодена од сперма која носи Y хромозом. Апстинирањето се препорачува за да се зголеми концентрацијата на спермата.

Жената да достигне оргазам

Машките сперматозоиди се помалку издржливи од женските и ним им одговара алкална средина на вагината, а алкалноста се зголемува кога жената достигнува оргазам. Оргазмот им помага на машките сперматозоиди да преживеат, а контракциите при оргазмот им помагаат уште побрзо да стигнат до јајце-клетката. Затоа, Шетлс препорачува жената да доживее оргазам пред или во исто време со нејзиниот партнер.

Секс пози кои овозможуваат длабока пенетрација. Д-р Шетлс ја препорачува кучешката поза. При длабока пенетрација, спермата навлегува подлабоко одноосно поблиску до матката, па машките сперматозоиди треба помалку да патуваат и побрзо ќе пристигнат до созреаната јајце-клетка.

Како да зачнете женско?

Сексуален однос најдоцна до 2-3 дена пред овулација. На паровите кои сакаат да добијат женско, Шетлс им препорачува да практикуваат незаштитен секс најдоцна до 2-3 дена пред овулација. Причината за тоа е што сперматозоидите можат да живеат максимум 6 дена во женските полови органи. Па, додека настапи овулацијата, неиздржливите „машки“ сперматозоиди ќе изумрат и ќе останат само издржливите „женски“ за да ја оплодат јајце-клетката.

Жената да не доживее оргазам

Оргазмот ја зголемува алкалноста на средината на вагината, а таа средина е погодна за „машките“ сперматозоиди. Затоа, ако сакате да имате женско, треба да се воздржите од достигнувањето на оргазам.

Секс пози за мала пенетрација. Ако сакате да зачнете женско, треба да практикувате пози кои овозможуваат само мала пенетрација.

Така спермата ќе навлезе подолу во репродуктивните органи, каде средината е помалку алкална, а тоа е неповолно за „машките“ сперматозоиди. Исто така, спермата треба да помине подолг пат до јајце-клетката, па издржливите „женски“ сперматозоиди ќе имаат поголема предност.

Related Articles

Close
Close