MAMA

Оваа МАМА и нејзиниот двегодишен син биле исфрлени од авионот затоа што тој не сакал да стави маска на лицето

Објавата на оваа мама стана вирална.

Објавата на оваа мама стана вирална.

Мајката Рејчел Дејвис и нејзиниот двегодишен син се обиделе да летаат од Северна Каролина до Њу Хемпшир со авион на Американ ерлајнс, но момчето не сакало да стави маска на лицето, па ги избркале.

“Се обидов, го молев, го подмитував, правев се што можев додека тој врескаше и плачеше. Се чувствував како најлошата мајка”, напиша Дејвис, кој истакна дека нејзиниот син летал четири пати во последните неколку недели во авионот на компанијата и дека не еднаш никој не бараше да носи маска.

Целото искуство им предизвикало голем стрес бидејќи морале да најдат алтернативен начин за патување. Повеќето авиокомпании не бараат деца под две години да носат маска, но нејзиниот син има две години.

“Ова е светот во кој живееме? Ова не е дебата за маски. Ова е дебата за добри луѓе. Никогаш повеќе нема да летам со Американ ерлајнс “, заклучила мајката.

Научниците го симулираа кашлањето и го следеа патот на капките што го пренесуваат вирусот.
Научници од Универзитетот Флорида Атлантик ја проучуваа ефикасноста на домашните маски во борбата со вирусот корона.

Тие открија дека доколку лицето не е покриено со маски, капките патуваат до 3.5 метри во 5 секунди.

Памучната шиена маска во повеќе слоеви, најмногу го намалува, според симулацијата што ја направија научниците, ширењето на капките вирус, иако на врвот од маската дојде до протекување измеѓу носот и материјалот.

Кога на куклата и е ставена оваа маска, капките од лицето патувале само 2.5 сантиметри. Маската која е добро поставена за носот исто така добро функционира, така што капките во овој случај патуваат околу 20 сантиметри од лицето.

Но еднослојната маска (направена од еластичен материјал од каков се прават и маиците) како и превиткано марамче се помалку ефикасни, вели истражувањето.

Капките поминуваат низ материјалот од маската и го покриваат марамчето.

Иако немедицинските маски кои се тестирани во оваа студија даваат различни резултати и доаѓа до ширење на капките, тие сепак се ефикасни во спречување на ширењето на инфекција, напишаа авторите во својот труд.
Одлична заштита само ако добро стои

Научниците од Американската националан лабораторија „Аргон“ при Универзитетот во Чикаго направија тестотви и утврдија кој материјал или ткаенина е најдобра во филтрирањето на ситните честички од воздухот.Тие тестираа вообичаени платнени материјали во лабораториски услови во цел да ја испитаат нивната способност за механичка и електротатичка филтрација.

Тимот утврдил хибридните ткаенини направени од различни видови материјали штитат подобро во прочистувањето и се способни да филтрираат најголем дел од честичките.

„Филтрациската ефикасност на хибридни ткаенини (како памук – свила, памук – шифон, памук – фланел) е околу 80 отсто честички помали од 300 нанометри во пречник и 90 отсто честички поголеми од 300 нанометри“ – наведуваат експертите.

Заклучуваат дека зголемената способност на тие ткаенини е најверојатно поради комбинираниот ефект на механичка и електростатичка филтрација.

Меѓутоа, ништо од ова нема да биде важно ако маската не се носи правилно и не стои добро на вашето лице.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close