Кафе муабет

Оваа девојка го шокираше светот: Бремена е од свој ученик а откри дека сака да роди 25 деца: „Ќе ги споделам моите гени за светот да биде поубав“

Ејми сака да го направи светот поубаво место за живеење...

33- годишната Ејми Купс од Северна Каролина е поранешна учителка која била избркана од работа бидејќи почнала да објавува слики и видеа од себе на „OnlyFans“.

фото инстаграм/Ејми Купс

Поранешната учителка Ејми Купс (33) од Северна Каролина неодамна ја шокираше јавноста кога откри дека останала бремена од поранешен ученик.

фото инстаграм/Ејми Купс

Таа планира да има деца со оној маж кој најмногу ќе плати и нагласува дека светот ќе биде подобро место кога ќе има убави луѓе како неа.

фото инстаграм/Ејми Купс

Ејми на социјалните мрежи објавува детали за бременоста, а пред неколку дена откри дека нејзината желба е „масовно да раѓа деца на непознати“.

фото инстаграм/Ејми Купс

– Мажите ме молеа да им родам деца затоа што сум убава. Тогаш помислив зошто да не го направам тоа. Светот би бил многу поубаво место кога луѓето би биле поубави – рекла Ејми и додала дека нејзината цел е да роди 25 деца.

фото инстаграм/Ејми Купс

Како што вели, се надева дека барем ќе роди близнаци, а со помош на вештачко оплодување дури и четворки.

фото инстаграм/Ејми Купс

– Оној што ќе плати најмногу во тој момент ќе го добие моето дете. Не сум сигурна колку би заработила, но не се работи за финансиски аспект, само сакам да го направам светот подобро место – истакнува таа.
Ејми цврсто верува дека не е важно како ќе изгледа нивниот татко, бидејќи нејзините гени и убавина се посилни од оние кој било маж.

фото инстаграм/Ејми Купс

– Ако сум јас мајка, гарантирам дека детето ќе биде убаво. Тоа ќе ги има моите убави очи, коса, изразени црти и што е најважно, интелигенција. Сакам да ги споделам моите гени со светот – нагласува поранешната наставничка.

Таа, исто така, се нарече себеси „расипувачка на бракови“, бидејќи често има афери со оженети мажи, но и со жени.

фото инстаграм/Ејми Купс

Ејми истакна дека сега поради бременоста е во застој кога е во прашање љубовниот живот и дека едвај чека да стане мајка.

фото инстаграм/Ејми Купс

-Семејството на таткото на моето дете не знае дека сум бремена од него, бидејќи тој е се уште млад и неговиот живот е пред него. Апсолутно го разбирам тоа, но ако сака да го запознае своето дете, јас секогаш ќе бидам тука – заклучила таа.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close