Кафе муабет
Новата девојка на Огњен Амиџиќ е вистинска убавица- сите коментираат дека поради неа ја остави сопругата (ФОТО)
Тие се во врска од август...
Веќе цела недела на големо се пишува за новата љубов на водителот Огњен Амиџиќ, кој само два месеци по разводот со манекенката Данијела Димитровска, заврши во прегратките на водителката Мина Наумовиќ, која ја вработи во својата емисија, во сегментот „Пази Мина“.
Двајцата ја криеја својата романса неколку месеци, а неодамна Огњен ја потврди нивната врска.
Наумовиќ и самата призна дека има направено корекција на усните.
Мина и Амиџиќ се во врска од август минатата година. Се зборува и дека заедно ги посетиле Малдивите, а Огњен не штеди на неа, па ја опсипува со скапи подароци и разни патувања.
„Да, точно е. Во врска сме, но ние се договоривме дека ќе ја зачуваме приватноста за нас и дека нема да зборуваме за тоа“, изјави популарниот водител за „Република“.
Се шпекулираше дека Огњен и Мина поминувале многу време заедно поради работата, по што сфатиле дека меѓу нив има силна хемија.
Оттогаш едвај и се разделуваат, постојано се заедно а судејќи по нејзините објави на социјалните мрежи, Мина веќе се вселила во луксузниот дуплекс на Огњен.
Да потсетиме Огњен од бракот со Данијела го има синот Матија, кој живее со мајка си, но старателството е поделено и Огњен рамноправно учествува во неговото воспитување, растење, школување а со поранешната сопруга функционираат одлично.
Сепак и покрај тоа што живеат заедно со Мина, Амиџиќ сè уште не го запознал синот со својата нова девојка.