Новости
НЕ МОЖЕЛА ДА СПАСИ НИТУ ЕДЕН ОД НИВ: Медицинска сестра за три дена остана без сопругот и мајка си поради коронавирусот
Му кажала на сопругот дека нејзината мајка е добро иако таа починала три дена пред него
Медицинска сестра од Оклахома, која работи на интензивна нега, остана без својот сопруг и нејзината мајка поради вирусот корона, кои пooчинаа со три дена разлика.
Лизан Џенингс го тешеше својот сопруг Денис во последните моменти од неговиот живот, пред тој да потклекне на болеста.
Таа за CNN вели дека во последните моменти од животот на нејзиниот сопруг, на 23 ноември му рекла дека нејзината мајка е добро, дека е дома и дека таа ќе остане со неа.
Знаев дека ќе продолжи да се бори ако му кажам дека у мрe. Почнале да му даваат морфиум и ативан. Му реков дека го сакам, тој ми одговори исто – рече Џенингс и додаде дека таа му шепнала дека „сега тој може да оди“.
После половина час го зема последниот здив и пoчина, изјави таа.
Нејзината мајка Линда, која исто така беше заразена со вирусот корона, пoчина три дена пред тоа.
https://www.youtube.com/watch?v=87PfRJGJTs0&feature=emb_title
– Понекогаш жалам за сопругот и ми доаѓа мисла дека ја изгубив и мајка ми. И тогаш почнувам да тагувам по неа. И размислувам како ќе му кажам на Денис, но и тој не е тука. Две лица кои ми беа најголема поддршка во животот … ги нема – изјави таа за Си-Ен-Ен, додека нејзиниот син Брејден ја тешеше.
Поради загубата, таа и нејзините два сина тешко се опоравуваат.
Нејзиниот син Брејден изјави дека за време на смр тта на неговиот татко, тој не можел да се грижи за својата мајка затоа што и тој самиот бил заразен.
Мајката и синот велат дека Денис бил полн со живот пред неговата смpт, а пред да се разболи, честопати со својот син играле разни спортски натпревари и тој победувал.
Нажалост отккао заболел од Ковид-19, таа била принудена да го гледа како се бори за живот во болница. Неколку моменти откако починал, таа го избањала и му ја скратила косата.
– Потоа го оставив. Не можев да спасам ниту еден од нив двајца. Вирусот дојде во нашата куќа, мајка ми никогаш не излегуваше надвор, сопругот беше внимателен.
За крај таа порача: Престанете да бидете себични.